20.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаСветИсториска заплена на дрога во Австралија во вредност од над една милијарда...

Историска заплена на дрога во Австралија во вредност од над една милијарда долари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повеќе од 1 800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои во последните неколку недели пристигнале од Блискиот Исток во пристаништето во Сиднеј

<

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, позната и како кристал-мет, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, која била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголема заплена на наркотици во земјата.

Повеќе од 1 800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои во последните неколку недели пристигнале од Блискиот Исток во пристаништето во Сиднеј, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс, пренесува Ројтерс.

Во последната заплена пронајдени се нешто повеќе од илјада килограми метамфетамин, соопшти денеска полицијата, откако минатата недела биле запленети околу 750 килограми кристал-мет или „лед“, како што уште се нарекува оваа дрога.

„Способноста што ја покажа оваа криминална организација, во однос на обемот и количината, е огромна. Овие бројки се запрепастувачки“,

рече претставникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Џон Вотсон, за време на прес-конференција.
Соопштено е и дека не е покренато обвинение во врска со последната заплена, но дека полицијата уапсила тројца мажи за дрогата што била пронајдена минатата недела.

Во одделен инцидент, полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека уапсила четири лица откако пронашла кристал-мет и кокаин во вредност од околу 155 милиони австралиски долари, скриени зад фаровите на старото „бентли“, испратено од Канада, пишува Ројтерс.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...