Во 18 компании од секторот „обложувалници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните оставиле 488,3 милиони евра. Тоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра. Ова е и разбирливо, ако се земе предвид дека во 2020 година, поради пандемијата имаше карантини и забрани за одење во обложувалници и во затворен простор, велат во анализата направена од порталот „Пари“.
Ако се земе износот на ставени на коцка околу милијарда евра (ова не е конечен список на сите фирми од оваа дејност, но тука се речиси сите и најголемите), не може да се избегне впечатокот дека нашиот народ сака да си игра со среќата. Многу економисти и социјолози, во јавноста често истакнуваа дека „колку народот е посиромашен, толку е повеќе склон да игра игри на среќа“. Од вложените безмалку половина милијарди евра, некој и ќарил. Но обложувањата и коцката се такви што многумина ќе изгубат пари. Некои загуби се незначителни, всушност тоа се пари планирани за малку евтина социјална дружба, со тикет во рака во спортска обложувалница, како во некое кафуле на пијачка. Но, некои чинат многу – дотолку што упропастиле цели семејства, велат во анализата.
„Пари“ направи анализа на нашите коцкарници – обложувалници и организатори на игри на среќа. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните добивки се движат од 78.000 евра до 15,7 милиони евра.
Како што може да се види од податоците, компанијата каде најмногу се остваат пари на апаратите за игра на среќа „Про Бетинг“, односно која лани направила промет од дури 83,7 милиони евра, има „лабава“ добивка од само 78.000 евра. Тоа е вушност и најмалата добивка од страна на компаниите од оваа дејност кои ги анализиравме, направена лани. Најголемата добивка е направена од страна на Државна видеолотарија на РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Таму добивката е дури 15,7 милиони евра. Но, она што е особено интересно е дека оваа добивка е на промет од 67,4 милиони евра, што укажува на тоа дека секој четврти денар од прометот е за профитот на фирмата, велат во анализата.
Најмалата по приход во ова друштво е „Спорт лајф гејминг“, дел од „Спорт лајф групацијата“ која има фирма за автомат-клубови за игри на среќа и за обложувалници – „Спорт лајф трејдинг“. Од автоматите за игри на среќа во „Спорт лајф гејминг“ лани се слеале 3,7 милиони евра, а тоа донело солидна добивка од 948.000 евра.
Кои се другите големи играчи во обој бизнис и какви добивки оствариле, погледајте:
Финансиски показатели за обложувалниците и организаторите на игри на среќа |во евра|
КОМПАНИЈА ПРИХОД 2021 ДОБИВКА 2021
ПРО-БЕТИНГ Скопје 93,7 милиони 78.000
СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД 82,8 милиони 2,5 милиони
Државна видеолотарија на
РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје 67,4 милиони 15,7 милиони
ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје 44,2 милиони 1,0 милион
ЗЛАТНА КОПАЧКА -ЕДЕН ДОО Скопје 36,2 милиони 87.000
БЕТ ТУ МАР ДООЕЛ Скопје 31,6 милиони 351.000
МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје 21,3 милиони – 720.000
СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје 20,7 милиони – 2,1 милиони
ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО
ДОО Богородица Гевгелија 17,7 милиони 955.000
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје 17,0 милиони 166.000
МАКОТЕН -Гевгелија 15,8 милиони 564.000
КЛУБ СПОРТ 77 – Битола 11,5 милиони 460.000
АПЕКС МК ДОО- Скопје 10,7 милиони 4,3 милиони
АД Државна лотарија на РСМ 10,3 милиони 5,8 милиони
ТХЕ-СЛОТС ДОО Скопје 8,7 милиони 267.000
КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ
МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје 4,5 милиони 3,9 милиони
СПОРТ ЛАЈФ ГЕЈМИНГ – Скопје 3,7 милиони 948.000
КАЗЗИНО МОЗЗАРТ ДОО СКОПЈЕ 835.000 – 60.000
Извор: БизнисМрежа.мк
Од податоците може да се види дека 3 големи играчи во сферата на игри на среќа оствариле загуба. Станува збор за „Сенанатор“ кој иако имал промет од 20,7 милиони евра имал загуба од 2,1 милион евра. Ма-гаминг имал уште поголем приход од 21,3 милиони евра и остварил загуба од 720.000 евра и „Казино Моззарт“ со проход од 835.000 евра остварил загуба од 60.000 евра, додваат во анализата од порталот „Пари“.
OhridNews