Успехот и пред се заработката на популарните старлети на “OnlyFans” привлекува се повеќе убави „храбри“ жени, кои се обидуваат да земат дел од колачот. Ова не ги заобиколува ниту Македонките, па веќе 4 популарни Македонки се присутни на мрежата каде најчесто се споделува содржина за возрасни.
Теодора Мартиноска, првата Македонка која имаше ваква страница, неодамна осамна во медиумите по авантурата со познатиот светски рапер Тајга, кога по неговиот скопски концерт го чекаше во неговиот џип, па заедно завршија во хотелската соба, за што медиумите потоа пишуваа дека вечерта била прилично возбудлива и бурна, а Теодора осетно бучна, па дури и дека имаат снимено и заедничко експлицитно видео.
Таа сега на својата „Онли Фанс“ страница нуди екстра попуст од 80% за еден месец…
Речиси џабе за 30-дневна забава гледање во нејзината гола содржина која ќе ви открие многу нешта што расната стружанка „не може“ да ви ги покаже во „редовна фото и видео процедура“ на социјалните мрежи кои тоа не го дозволуваат.
Затоа пак експлицитните содржини на „Онли фанс“ не се забранети, ама и не се гратис, туку се купуваат!
Најпознатата македонска стриптизета, фото модел, менаџер за продажба во најпознатиот секс шоп… Ани Георгиева,попозната како под уметничкото име Црна Мачка, својата „Онли Фанс“ страница ја отвори однеодамна.
Затоа, веројатно додека не ја разработи, реши да стартува со неверојатни попусти… Или поточно, воопшто и да не наплатува, за првите 30 дена.
Еден месец гратис за свежи еротски содржини за „влажни погледи“, што „жешката милфица“ ви ги нуди!
Само за вашите очи и лична возбуда, „Црна мачка“ со неодолива експлицитна понуда, за која првиот месец не треба да се плати, а потоа веројатно и самите ќе посакате редовно да се претплатите!
Бидејќи содржините од нејзината „Онли фанс“ ќе ве фрлат во еротски транс!
Македонската (т)раперка Дијана „Оу-Џи“ (Diana OG) и тоа како знае да изненанди. Понекогаш со добра песна, друг пат со содржина што не е музичка, ама затоа е и тоа како интересна, занимлива и видливо возбудлива.
Неодамна русокосата убавица најавуваше нешто ново на својата „Онли фанс“ страница, но очигледно не само на неа.
Дијана ОГ има нова песна која токму така се вика – „Онли фанс“, па за оваа прилика, русокосата (т)раперка реши на своите вљубеници во нејзните телесни убавини и раскош, да им даде 50% попуст.
Се’ за половина цена или евентуално 35% поефтино на дневна основа, за првите 10 најбрзи нејзини „Онли фанс“ претплатници…
И веројатно добро и оди. Впрочем како и да стојат работите, очигледно е дека од „експлицитна голотија“ многу подобро се заработува отколку од музика!
Нејзината лута конкурентка во музиката и ривалка во љубовта и приватноста, (т)раперката Луна Ристиќ или позната како Lunnawtf ( Luna what the fuck…) која исто така однеодамна има своја „Онли Фанс“ страница, решила да ја спушти цената. До душа само малку, најмалку од сите претходни, едвај дваесет проценти ( 20%) за претплата од 3 месеци.
Кај неа попустот не е нешто кој знае колку голем, што не значи дека клиентот нема да биде задоволен. Впрочем она што може да се види на нејзиниот „обичен“ Инстаграм, не ниту оддалеку за потценување, напротив…
Разголувањето на младата, атрактивна, секси убавица не и е страно и непознато и отпорано, а она што ќе можете да го видите на нејзината „Only Fans“ страница сепак е малку поразлично и веројатно многу поексплицитно!?
Aко пак немате или не ви се даваат пари за тримесечна „фул услуга“, одберета ја онаа месечната… Апдејтот на експлицитните содржини кај Луна се на дневна основа, доволни секапилната (т)раперка за возврат, да не ве остави на… „Пола пат“!