Носачот на авиони на Кралската морнарица „Принцот од Велс“ се расипа само еден ден откако отплови од англиското пристаниште Портсмут, на четиримесечна мисија во САД.
Воениот брод тежок 65.000 тони остана заглавен во близина на британскиот остров Вајт, а воените техничари ги истражуваат причините за дефектот, изјави портпаролот на кралската морнарица, пренесува „Гардијан“.
„Принцот од Велс“ е најголемиот британски воен брод и најголемиот носач во флотата на НАТО, и ова не е првпат да има проблеми.