12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаНа 60 години ќе заминува од Македонија: Вложив 3.500 евра, зедов 2.000...

На 60 години ќе заминува од Македонија: Вложив 3.500 евра, зедов 2.000 евра, видоа-не видоа и децата заминаа

Панови од струмичко Моноспитово го собираа родот од засеаните феферони. Јосе со неговиот внук и на температури над 30 степени беа на нива. Ја довршуваа бербата сами оти како што велат не се исплаќа да ангажираат аргати. Тврди дека годинава имало род но и добра цена но но ги нема површините со феферони како што било своевремено. Земјоделство веќе никој не сака а камоли да одгледува феферони.

„Едно време се садеше многу, а сега малку зошто работниците ги нема, ги нема младите да берат. Старите не можат не можат да направат. Цел ден на сонцето се печеш“, вели Јосе Панов за Телевизија 24.

Годинава откупната цена на фефероните е 40 денари. Од конзервно преработувачктие капацитети велаат дека драстично е намалено производството на овие лути пиперки во струмичко.

Проблемот со несигурниот пласман и ниските откупни цени резултираше по струмичките ниви да има се помалку млади кои заминвуаат во странство.

Ранчо Витанов вели дека работат во загуба па по неговите деца и тој планира да замине во странство.

„Вложив 3500 евра, а зедеов 2000 евра што значи 1500 во загуба. Видо, невидо децата и замина во странство, но и јас на 60 години ќе одам нагоре. Два месеци да работам во странство ќе ми стигне, тука само вложувам, а не можам да земам ништо, вели Витанов.

Според анализите една третина од струмичко поле е обраснато во трева. Заради немање млади и работна рака нивите стануваат угари. Постарите садат за сопствени потреби а производството на зеленчук од година во година се намалува.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...