14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаТаткото на Македон: Денеска покрај медалот добивме и голем пораз од државата...

Таткото на Македон: Денеска покрај медалот добивме и голем пораз од државата и едно големо НИШТО за благодарам !!!!

Фејсбук статус на Владимир Димитровски, таткото на македонското чудо од дете, Македон Димитровски.

Денеска покрај медалот по математика добивме И голем пораз од државата.

Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во министерството за образование на прием кај министерот.

Таму бевме дочекани со сите почести многу сликање, поклони ранец И книги за Македон И најважното многу ветувања.

-прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон И на кој начин тоа да се артикулира

-беше ветено од страна на министерот дека ќе стапи во контакт со сите големи амбасади за да И они помогнат во процесот на едукација на Македон-дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца.

-Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограницени средства во школувањето на Македон.

И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голема фарса И дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.

Ни кажаа дека амбасадите неможеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтееесирани ,дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани, а државата неможе да инвестира во ваков тип на образование.

Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво.

Што треба едно дете со таков IQ И со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата.

За сега една големо “0”, напиша Владимир на својот Фејсбук профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно...

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...