16.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаГо исмејувале дека неговата мајка е стара и изгледа како баба, го...

Го исмејувале дека неговата мајка е стара и изгледа како баба, го тепале за учебници- Вознемерувачки детали за момчето кое се самоуби во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Несреќата која се случила на 31-ви август околу 20 часот, кога сега веќе починатот момче најпрво околу 18 часот бил да го земе своето свидетелство од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, каде бил заедно со своите соученици и класната, која ги почестила со сок и благо.

<

По завршувањето на таа средба, 17-годишниот малолетник околу 20 часот излегува од училиштето и оди кон ГТЦ, од каде оди кон катната гаража и од истата скока. Починал на лице место. Тој беше погребан денес, петок, во 13 часот на гробишта „Бутел“ во Скопје. Од семејството се во шок од целата ситуацијата, а воедно и изненадени од молкот на неговото училиште СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, каде следниот ден бил организиран свечен пречек, а истите не се јавиле да изразат ниту сочуство.

Момчето бил затворен тип и не споделувал со никого ништо, но од фамилијата дополнително се разочарани откако веќе на 1-ви септември во училиштето доаѓа и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, каде заедно со учениците е организиран свечен пречек, а никој воопшто не го споменал трагичниот настан за ученикот од ова училиште, кој се случил неполни 24 часа претходно. Од семејството никого не сакаат да обвинат, но имаат многу прашања. Дали имал проблеми во гимназијата, дали бил малтретиран од некого, што се случувало со него. Каде е директорот на училиштето или психологот, прашуваат тие.

Во јавноста денес се појави нова информација, која ја пренесе новинарката Мирослава Симоновска, а која тврди ова е вистина и сето тоа набрзо ќе излезе на виделина.

Според она кое го тврди новинарката, соучениците на детето му се исмевале поради повеќе работи, било оставено и проштално писмо, а на истото имало и прашање дали сега тие ќе бидат среќни, откако него ќе го нема ..

-Стоки едни, му викале на детето дека мајка му и татко му пошто се стари, дека му биле ко баба и дедо, плус дека бил сиромашен му се закатанчиле буџетарите и плус му се издрале у школо дека не ги вратил книгите од лани.

И плус на тоа, прошталната порака пишал дека се надева оти децата сеа ќе се среќни шо го нема. Нема да ви помине булингов и криењево, сеа со сигурност знам!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...