12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаНикој не поднел кривична пријава, ниту води постапка против жителите на Арачиново...

Никој не поднел кривична пријава, ниту води постапка против жителите на Арачиново за украдената струја

Против ниту еден жител на Арачиново во моментов нема кривична пријава, не се води предистрага, ниту истрага, а уште помалку па да биде поднесено обвинение за кражба на електрична енергија. Нашата редакција од ЕВН доби потврда дека со 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена енергија, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, Арачиново е на првото место на неславната листа во Македонија. Од Основното јавно обвинителство за МКД.мк ни одговорија дека до сега не е поднесена кривична пријава поврзана со интервенцијата на екипите на ЕВН во Арачиново. Обвинителството не може да постапува по допрен глас, бидејќи се потребни информации за конкретен строител, а такво нешто од ЕВН нема. За сега од компанијата велат дека се прави инспекција на мрежата, па ќе се прави реконструкција, па кога ќе заврши цел тој процес ќе се носи одлука за конкретни дејствија за кривични пријава. За овој процес се потребни месеци, а можеби и цела година јавува МКД.Мк

Значи ОЈО Скопје не може да го гони Арачиново како место, односно локација каде се краде најмногу струја, туку само арачиновци, но за сега конкретни чекори за ова нема бидејќи нема ниту кривична пријава.

„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесена кривична пријава поврзана со последната интервенција на екипите на ЕВН во Арачиново. Доколку биде поднесена пријава, Обвинителството ќе постапи согласно законските надлежности и ќе ги испита наводите. Во меѓувреме се следат сите информации за настанот. Постапка по допрен глас е возможна доколку допрениот глас содржи доволно информации кои даваат основи на сомневање за сторено кривично дело и евентуалниот сторител.
Во минатото, Јавното обвинителство постапувало по кривични пријави за кражби на струја на ралични локации”, ни одговорија од Обвинителството.

Само Основното јавно обвинителство Скопје во текот на 2019 година постапувало по 64 кривични пријави за кривичното дело од членот 235а од Кривичниот законик – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас. Во текот на 2020 година биле примени и се постапувало по 41 пријава, во 2021 – 39, а од почетокот на годинава се примени 52 кривични пријави за наведеното кривично дело.

Сите трафостаници покажуваат кражба од над 50 проценти, а една од трафостаниците бележи 96,1 процент загуба на енергија.

Најнапред мора да се увидат точните места, да се увидат дефектите, уништените средства и потоа да се пристапи кон прецизирање на планот за реконструкција на мрежата која веројатно ќе треба да се реализира речиси во целост, што пак ќе трае долго, со месеци, велат од ЕВН, но посочуваат дека на нивните вработени „не им давале” во Арачиново да го остварат досегашниот план во интерес на граѓаните, на целата држава и на ЕВН, велат од компанијата.

На прашањето кој тоа „не давал”, од ЕВН велат дека тоа се жители од ова населено место, кое според загубата (кражба) на струја, е на првото место во Македонија. Тоа е голема сума, се нагласува, која достигна 6 милиони евра, а која ја плаќа целата држава.

На забелажката дека сите граѓани ја плаќаме оваа кражба од ЕВН потврдуваат дека сме во право.

„Сите ја плаќаме, и скапата но и евтината тарифа од делот на украдената струја”, велат од копанијата.

„Екипите на Електродистрибуција неделава ги започнаа активностите за реализација на првата фаза од планот во Арачиново. Во оваа фаза се прави инспекција на мрежата по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на дефектите кои беа резултат на нелегалните приклучувања. Процесот е во почетна фаза којашто не дозволува да се донесат конкретни заклучоци. Според планот на реализација, реконструкцијата би требало да трае со месеци па дури и повеќе од година дена. Законите важат исто за сите граѓани. Ако на терен се констатира кражба во било која локација во државата, ќе се превземат сите соодветни правни дејствија”, стои во последниот одговор од ЕВН за МКД.мк.

ЕВН има податоци според трафостаници во таа општина, кои се всушност и многу загрижувачки бидејќи сите покажуваат кражба на струја. Кај една трафостаница таа загуба на енергија достигнува 96,1 отсто, кај пет трафостаници загубата изнесува од 81 до над 85 проценти, а кај останатите се движи од 56 до 79 проценти.

И во полициската евиденција на поднесени кривични пријава за кражба на струја Арачиново не е застапено. Го има, но само еднаш.

„Во текот на 2022 година, според службената евиденција и доставениот извештај доставен од страна на Полициските станици на подрачје на СВР Скопје утврдено е дека евидентирани се вкупно 44 пријави за кражба на електрична енергија од кои 19 се на подрачје на Сарај, 6 (шест) настани во Сингилиќ и 1 (еден) настан во Арачиново и во 18 случаи евидентирани се на подрачје на ПО Драчево, при што само во 4 случаи на подрачје на Арачиново од страна на ЕВН е побарана асистенција од полициски службеници. Во однос на прашањето кои се надлежностите на полицијата во однос на кражбите на електрична енергија, Ве известуваме дека полициските службеници преземаат мерки и активности согласно ЗКП и Закон за Полиција при што за секоја пријава се излегува на лице место се констатира фактичката состојба при што доколку се утврдат елементи за постоење на кривично дело до ОЈО Скопје се поднесува кривична пријава за „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” согласно член 235-а од КЗ на РСМ. Поднесени се 39 кривични пријави за сторени 42 кривични дела против 40 сторители”, ни одговорија од МВР.

Кривичното дело кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас е регулирано во Кривичниот Член 235- а. Во ставот 1, тој што со приклучување без согласност на соодветниот оператор на системот, со превземање пред уред за мерење, со отстранување, онеспособување, премостување, промени и слично ракување со уред за мерење или на друг начин неовластено ќе користи електрична енергија, топлинска енергија или природен гас, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе се казни со затвор до три години и со парична казна. Според став 2, ако вредноста на украдената електрична енергија, топлинска енергија или природен гас е поголема, сторителот ќе се казни со затвор до пет години и со парична казна. Ставот 3 вели дека обидот за делата од ставовите (1) и (2) на овој член е казнив, а ставот 4 дека ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Пресудите кои ги има во евиденцијата на Основниот кривичен суд, а кои се однесуваат на членот 235 1 од КЗ, а кои се однесуваат на оваа и на минатата година се услови. Судот нема досудено ниту една затворска казна, а во најголем број случаи обвинетите физички и правни лица не се повратници односно за прв пат се во судир со законот, а паричните казни се движеле на законски утврдените рамки.

„ Во 2021 година за 54 лица досудена е условна казна затво и дополнителна парична казна, за 2 лица условна осуда, за 2 лица запрена постапка, за 1 лице
тужителот се повлекува. Во 2022 година за 20 лица е изречена условна казна затвор и дополнителна парична казна, за 1 лице запрена постапка. Условната казна, подразбира дека се ефектуира затворската казна, доколку не се плати паричната казна во Законски утврениот рок”, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Mkd.Mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...