Дејан Трајковски од Битола е најмалиот член од групата за планинарење “Festina Lente“ “Побрзај полека“ од Битола. Дејан деновиве со само 4 години, успеа самостојно да го искачи врвот Мусала 2.925 метри надморска висина, највисокиот врв на Балканот.
Врвот Мусала е највисокиот врв на планината Рила, а и на Балканот. Дејан заедно со својата мајка, сестра и брат се дел од групата за планинарење “Festina Lente“ – “Побрзај полека“ од Битола. Оваа група има членови од 4 до 74 години кои го сакаат планинарењето и секој слободен момент го користат да посетат нови места, да се дружат и забавуваат. Групата има посетено многу места, планини и врвови, како во Македонија така и надвор од неа.
Овој викенд дел од групата “Festina Lente“ се искачи на 2.925 м.н.в освојувајќи го врвот Мусала. Членовите Елена Свенчева, Томе Јолев, Јасмина Ѓорѓиевска-Јолева, Менде Талевски, Николина Стојановска, Гордана Ѓоргиевска Неделковски, Јасмина Трајковска со своите три деца Емилија, Бојан и малиот Дејан, како и нашиот водич Анастасија Арасланова.
Маглата и студеното време не беа пречка малиот Дејан да се искачи сам без помош до врвот. Со него заедно се искачи и Анастасија, член на групата и водич од Бугарија, која има 74 години. Разликата од 70 години е само бројка, кога станува збор за љубителите на планинарењето.
Bitola News