22.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаЕдниот доктор не дојде, другиот не бил виновен-Почнува судењето за пожарот во...

Едниот доктор не дојде, другиот не бил виновен-Почнува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да почне судењето за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога 14 лица го загубија животот.

Судското рочиште е закажано во 10 часот, а ќе го води судијата Јордан Велковски.

По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице. Двајца се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност”, еден за „непостапување според здравствени прописи”, а правното лице за „предизвикување на општа опасност”.

Со предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф. Б. и А. Е. за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово за кривични дела предизвикување општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од Кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22, се наведува во соопштението од Судот за овој предмет.

На 8 септември 2021 година во пожарот во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица. Тие се лекуваа од Ковид-19. Досега се направени четири вештачења за да се утврдат причините поради кои настана пожарот и да се лоцира одговорноста.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...

Запален автомобил на полицаец од Велес

Автомобил во текот на ноќта целосно изгоре на улицата „Милан Страчковски“ во близина на плоштадот „Којник“. Причините зошто возилото се запалило се уште се непознати. Батали.нет...

Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и...