28.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски апелира да не се копаат крипто валути затоа што тоа троши...

Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути затоа што тоа троши многу струја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.

<

-Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат граѓаните е 80 проценти, но кога ќе кажете 80 проценти значи дека ако не е субвенцијата граѓаните треба да платат пет пати повисока цена. Секое неразумно непродуктивно и несовесно тгрошење предизвикува недостиг, допонбителни буџетски издатоци и немање за снабдување на оние на кои им треба за најважните лични и деловни потреби, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Прашан зошто не се следи косовскиот пример кој законски забранува копање крипто валути, Ковачевски одговори дека за тоа е потребно носење законско решение.

-Да, може, но за тоа мора да се донесе законско решение. Се додека не се донесе законско решение, ќе мора да се оди со апел, а доколку се работи за компании, односно за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови па ако е голема потрошувачката преминуваат во друг блок. Во овој период не треба да се прави тоа поради недостигот на електрична енергија. Споредби со соседни држави е добро да се прават, јас сум во комуникација со сите, но секој има своја специфика. Косово моментно е во тешка ситуација и таму веќе се почнати рестрикции, истакна премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Протоколарна средба на градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.

Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери. Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната...

Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд кои се подготвувале за велосипедска трка.

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамките на европските младински...

Пратеничката Ирена Јовева: Се гордеам со тоа што мајка ми беше чистачка, а татко ми работник во железара

Ирена Јовева е гласот на новата генерација европратеници – млада, смела, принципиелна и цврсто втемелена во вредностите на правдата, транспарентноста и човечноста. Родена е во...

Ангелов откри зошто се расипуваат возилата: Проблемот со „Пинц гауерите“ е во ламелите кои страдаат поради недоволната обученост на дел од возачите

Проблемот со ламелите кај „Пинц гауерите“ не е тајна, тоа јас јавно го кажувам кај вас во емисија, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов...