3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаНарко-босот Вукотиќ, кој од МВР доби македонски пасош во Драчево (на име...

Нарко-босот Вукотиќ, кој од МВР доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), денес е убиен во Истанбул, пред очите на ќерката и бремената сопруга

spot_img

Вечерва околу 20 часот во Истанбул, Туркије, убиен е водачот на кланот Шкаљар, Јован Вукотиќ, дознава црногорскиот портал Вијести повикувајќи се на повеќе извори.

Како што дознава српски Курир, Јован Вукотиќ бил убиен пред очите на бремената сопруга Маша М. и нивната малолетна ќерка во Истанбул.

– Напаѓачот налетал на мотор и пукал во автомобилот во кој биле Вукотиќ, неговата сопруга и ќерка. Лекарите се обиделе да му помогнат, но немало начин да го спасат – открива изворот на српски Курир.

Сопругата и ќерката на Вукотиќ биле неповредени. Најпрвин имало информации дека водачот на шкаљарите бил убиен додека се возел на мотор со својата невенчана сопруга, но подоцна се испоставило дека на моторот бил убиецот.

Вукотиќ во досиејата на тајната полиција бил означен како апсолутен водач на криминалниот клан Шкаљар, а тој беше во бегство и црногорските правосудни органи по него распишаа потерница пред една година.

Вукотиќ беше уапсен и во Туркије во септември 2018 година, кога беше екстрадиран во Србија. Тој беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова фотографија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во април минатата година брифираше дека „за нарко-босот Вукотиќ, полицијата во Драчево изработила пасош со лажен идентитет, на име Георги Андонов“.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш откри дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ, како и за водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, но повторно влегол и добил лична карта.

Информацијата за убиството на Вукотиќ на својот Фејсбук профил денеска ја сподели и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, потсетувајќи ја јавноста дека нарко-босот добил македонски пасош во Драчево.

„Нарко-босот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), денес е убиен во Истанбул“, напиша Милошоски.

Кој е Јован Вукотиќ?

Тој е шеф на најмоќниот балкански клан кој работи со трговија на кокаин и наркотици на Балканот и во Источна Европа. Кланот ја обезбедува српската и црногорската мафија и е во отворен конфликт со Кавачкиот клан против чиј огранок во моментот има полициска акција во Србија.

Шкаљарскиот клан има повеќе свои операциони единици во чиј состав влегуваат и криминалците како Лука Бојовиќ, шеф на Земунскиот клан, моментално во затвор во Шпанија.

Некои од најблиските соработници на Вукотиќ, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, беа убиени во Атина. Таму се криеја откако претходно беа барани за убиство на двајца членови на Кавачкиот клан.

Освен Јован Вукотиќ, еден од лидерите на клан е и неговиот роден брат Игор Вукотиќ. Тука е и Владан Радоман, брат на Горан Радоман, по чие убиство започнува борбата со соперничкиот Кавачки клан и исчезнувањето на 300 килограми кокаин во Валенсија, Шпанија.

Јован Вукотиќ беше осомничен за обид за убиство на Милош Радоњик и Војнина Ступара, а се тврдеше и дека пукал на Звицер.

Досега Вукотиќ е осуден за помагање при убиство и недозволено поседување на оружје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...