25.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВанчева: Се качивме на возот за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ сака да се вратиме...

Ванчева: Се качивме на возот за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ сака да се вратиме назад

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Искрено се надевам, јас како и огромното мнозинство на граѓани дека сите заедно ќе собереме сила да истраеме на патот на европска Македонија, бидејќи тоа е единствена алтернатива, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.

<

Таа додаде дека кога држвата дојде толку блиску, ВМРО ДПМНЕ која, патем, не гласаше ниту за ниту против за Договорот за добросеседство со Република Бугарија, одлучи да не се одвива дебата во собранието туку одлучи сите да ги слушаат нив, а кога треба да се разговара и да зборуваат пратениците на позицијата тогаш на секој можен начин да го попречуваат тоа, Се качивме на возот за ЕУ, вие сакате назад да се вратиме, порача Калеска Ванчева, додавајќи дека граѓаните знаат дека со СДСМ започнува скринингот за членство во ЕУ.

Пратеничката Калеска Ванчева нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не ја доби поддршката, туку ја силува поддршката, не доби поддршка на изборите ниту во 2020 година ни на последните вонредни избори пред месец дена, граѓаните потворно пратија сигнал.

ВМРО-ДПМНЕ од една страна зборува за просперитет, за криза, која е глоблна, а сака 80 милиони евра да флриме на референдум да ја вратиме Македонија назад, рече Калеска Ванчева додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ првите се изјаснија дека државата трееба да биде во НАТО иу ЕУ, а сега сака да ја врати назад.

ВМРО-ДПМНЕ избира кукавички начин, се крие зад граѓаните, ако се искрени во намерите, ако сметат дека е тој договор е лош, нека дојдат на власт, па има одредба во договорот дека може со едностарна изјава да го прекинат, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...