25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИзвршителите бараат помош од државата: Многу е тешко – ќе бидеме принудени...

Извршителите бараат помош од државата: Многу е тешко – ќе бидеме принудени да прекинеме со работа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поради ниската тарифа и други проблеми извршителската работа станува економски неисплатлива и нема интерес да се работи особено во градовите надвор од Скопје, пренесе СДК.мк

<

Само во последните две години десетина извршители предвреме заминале во пензија или си дале доброволно отказ.

На конкурсите за нови извршители по градовите нема заинтересирани, па се случува извршители од Скопје да конкурираат за Куманово, Тетово или Штип. Нема заинтересирани кадри ни за полагање на испитот за извршители. Ова се дел од проблемите што претставниците на Комората на извршители ги соопштија на тркалезната маса и обуката за новинарите одржана во Битола.

Извршителите кажаа дека канцелариите им се пренатрупани со комунални предмети, чиј опфат некаде е до 80 проценти од работата, а за некои не можат да ги наплатат извршните трошоци. За иронијата да биде поголема, во комуналните спаѓаат и предмети со долгови за неплатени скапи телефони од 70.000 денари, па за лица кои потрошиле голема количина вода наводнувајќи си ја бавчата, други пак се грееле на струја, а немале да платат.

Кај социјалните случаи извршителот не може да ја наплати услугата, па е должен да финансира наплата на туѓо побарување од сопствен џеб , односно и тој да стане социјалец.

„Бараме измени на Законот за извршување со воведување на надомест за отпочнување на процес на извршување. Поднесуваш барање за извршување со извршна исправа и треба да платиш одреден износ за да може да почне да работи извршителот. Како во судот, не бараме ништо посебно, таму нема отпочнување на судски процес без плаќање судска такса. Надоместокот би бил за извршителот да може да ги покрие трошоците“, рече Ванчо Марковски, претседател на Комора на извршители на Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...