По обидите да се најде поевтина струја за слободниот пазар и постабилно снабдување на енергетски суровини, покрај Бугарија и грција, членови на Владата ќе ја посетат Турција како следна дестинација на агендата.
Министерот за економија Бектеши, директорот на МЕПСО Орхан Муртезани и на НЕР Бајрам Реџепи, до крајот на неделава ќе отпатуваат за Истанбул, на преговори со Боташ, државна компанија за пренос на гас за да се обезбедат одредени количиини од овој енергенс по поволна цена. Од 15 Октомври ќе почне грејната сезона а сѐ уште е неизвесно дали ќе се набават потребните количини гас за скопските топлани.
Во Турција ќе се преговара и за набавка на одредени количини електрична енергија, паралелно додека се уште траат преговорите со Бугарија за поевтин увоз на струја за субјектите од слободниот пазар. Наводно, барањето на македонската влада е еден мегавт да не чини повеќе од 180 евра.
Претходно Владата беше во посета и на Грција , каде се договори испорака на јаглен и мазут без ограничувања.