29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНа 20-годишно момче од Ресен му се потребни 26 илјади евра да...

На 20-годишно момче од Ресен му се потребни 26 илјади евра да си ги „врати“ рацете и нозете

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 20-годишниот Дарко Циревски од Ресен му се потребни околу 26 илјади евра за третман на неговите раце и нозе кои се одземени при повреда на ’рбетниот мозок.

<
17884399 718881961621668 5974263550403004861 n

Тој пред две години доживеал повреда при скок во вода и дијагностицирана му била quadriplegia (одземеноста на раце и нозе).

За да се подобри неговата состојба, потребен е тримесечен третман во Хрватска, кој чини околу 26 илјади евра, пари кои тој со неговото семејство не можат да ги обезбедат.

-Јас Дарко Циревски 20 години од Ресен во 2017 год. доживеав несреќа при скок во вода го повредив петтиот вратен пршлен, при што настана повреда на ‘рбетниот мозок. Дијагностицирана ми е quadriplegia (одземеност на раце и нозе). По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба. По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во poliklinika Glavic (Zagreb, Hrvatska), каде нивниот третман од 3 месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок. Ви благодарам од срце.

Броеви за донации:
Телеком: 070-143-144
Вип: 143-470

Трансакциска сметка:
210501677982873 NLB банка“, напиша Дарко на својот профил на Фејсбук

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...