-2.7 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Се што ветив исполнив, од денес пензиите се покачени за 63...

Заев: Се што ветив исполнив, од денес пензиите се покачени за 63 денари

spot_img

Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63. Пензионерите револтирани, велат овие суми не се покачување. Над 170.000 лица кои имаат пензија до 14.500 денари се ранлива категорија и треба да добијат повеќе пари од државата.

Според Аргоровски, решение за проблемот со ниските пензии е враќање на старата формула за пресметка. Со новиот закон растот на платите не влегува во пресметката, туку само инфлацијата. Заради ова, додека платите годинава се зголемиле за 4%, пензионерите со новото порамнување ќе добијат симболични 0,4% повеќе пари на своите сметки. Тој вели дека ваква формула не се применува никаде во европските змеји. Го споменува примерот со Хрватска, каде во предвид при пресметување се зема ставката која е поповолна за пензионерите.

Надлежното министерствто за труд одговара дека презема активности за подобрување на статусот на пензинерите. И покрај препораките на Светска банка за замрзнување на пензиите, тие растат. Претходната влада усогласувањата ги правеше надвор од закон и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите. Актуелната власт обезбеди стабилна исплата и континуиран раст. Доказ за тоа се статистичките параметри. Во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а во јули 2019 година изнесува 14.530денари, наведуваат од МТСП.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...