21.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаСелекторот Милевски пред мечот со Бугарија: Да бидеме јасни, политика не ме...

Селекторот Милевски пред мечот со Бугарија: Да бидеме јасни, политика не ме интересира

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската А репрезентација денес во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопјепротив Бугарија го игра последниот натпревар во групата од Лига на нации.

<

На официјалната прес-конференција пред новинарите говореа селекторот Благоја Милевски и капитенот на репрезентацијата, Енис Барди.

Промени дали ќе има не би говорел. Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси.

Што се однесува до Бугарија, ја анализиравме, но со многу проблеми. Тие имаат нов селектор и многу нови играчи, а тоа е непознаница. Сепак, ние мора да се концентрираме на нашата игра. Само тројца од првиот меч се тука, а особено и младите играчи кои првпат се во составот, поседуваат квалитет, јас гледам на тоа како противникот функционира како тим.

Имаме стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот триесет дена не се користеше.

Да бидеме јасни, политиката е на страна, ние сме спортски работници и не интересира само тоа. Мора да најдеме начин да победиме на теренот. Јас по дуелот во Бугарија се заблагодарив на домаќинот за дочекот, а од наша страна ќе биде вратено тоа тука. Нè интересира само спортскиот аспект. Цврсто сум убеден во мојот личен став и на федерацијата дека гледаме само на спортот. И јас ја повикувам публиката да биде фер и коректна“, вели селекторот Милевски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...

Со име и презиме: Претседателката донесе одлука за помилување осуденици по повод празникот Илинден.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, националниот празник на Македонија, објави 4NEWS.mk Со одлуката,...