26.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаПравославните верници го празнуваат Крстовден – Воздвижение на Чесниот Крст

Православните верници го празнуваат Крстовден – Воздвижение на Чесниот Крст

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на Чесниот Господов крст. Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Денешниов празник е органски поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим.
Имено, во истата таа црква беа сместени остатоците од чесниот крст на кој беше распнат Христос, а кој крст го пронајде мајка му на цар Константин Велики, царицата Елена. Уште еден настан, освен пронаоѓањето на чесниот крст, е поврзан со овој празник, а тоа е неговото враќање од Персија каде што беше однесен по персиското освојување и разорување на Ерусалим во седмиот век што се случи за време на византискиот император Ираклиј (628). А најважното што се слави денес е крстот како симбол на победата над светската суета, симбол на смирениот бунт на внатрешниот човек.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...

Ново светилиште во охридско, Пецаков донира икона за црквата „Св. Атанасиј“

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј! Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно...

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...

Скопјанец почина по пад од тротинет.

Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд. -На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека...