12.6 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаДо крајот на ноември цената на лебот и пецивата повторно ќе се...

До крајот на ноември цената на лебот и пецивата повторно ќе се зголеми !!!

До крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти, најавуваат мелничарите.

Причини за поскапувањето, велат, се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата.

Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар зашто само така, нагласуваат, би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението.

Како што изјави за МИА претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ, од огромна корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто и онака 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови.

– Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена, истакнува Малишиќ.

Според него, огромен проблем во моментов е и цената на струјата.

– Цената на електричната енергија за август 2022 на отворениот пазар изнесуваше 32 денара по киловат час што за компаниите е 500 отсто зголемен трошок во однос на лани. Сите овие зголемувања ќе придонесат за зголемување на цената на лебот или за неминовно затворање на индустриските капацитети. Тоа значи дека, не само за мелничко-пекарската индустрија, туку за целата индустрија – без помош или интервенција на Владата во цената на електричната енергија, неминивно е тотално намалување на производството до можен минимум или затворање на капацитетите, нагласува Маличиќ.

Тој додава и дека залихите на пченица кај приватните субјекти, силоси и мелници се на историски најмал минимум, што од намалената домашна жетва во 2022, што од неможноста на мелниците да набават пченица од увоз поради високата цена. Дополнително, проблем се и оперативните средства за набавка на лебно жито кои не се подржани ниту од комерцијалните банки, ниту од Владата.

– Во оваа ситуација Владата најмногу требаше да помогне. Сепак, за да нема катастрофални последици, минатата недела се одржа состанок на Мелничко-пекарската групација од кој се испратија неколку барања до Владата и ресорните министерства. Најважното барање е како една од општествено најважните индустрии за прехрана на населението или индустрии кои обезбедуваат домашно брашно, леб и печива, да биде субвенционирана во цената на електричната енергија или додадена во регулираниот пазар со цел, во двете опции, цената на струјата да не биде повеќе од шест денари по киловат час. Така би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението, објаснува Малишиќ.

Засега одговор од Владата на барањето на мелничарите нема. Тие иднава недела очекуваат средба на повисоко ниво, меѓу Комората и ресорните министерства, за изнаоѓање соодветни решенија.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...