14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаБектеши: Ниту Македонија ќе купува гас од Србија, ниту таа струја од...

Бектеши: Ниту Македонија ќе купува гас од Србија, ниту таа струја од нас, туку ќе правиме трампа – Србија ќе дава гас, а ќе добива струја

Со Србија се преговара за размена на гас за електрична енергија, а доколку се постигне договор половина од електричната енергија која ќе се произведе во ТЕ-ТО треба да остане за нашите потреби, а другата половина да се врати на северниот сосед, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

-Ние ја прифативме оваа финална понуда и Србија сериозно ја разгледува. Овој предлог за размена на енергенси првично беше предложен од Србија за што С. Македонија даде конечен одговор, а сега чекаме одговор од српската страна, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостување во 360 степени на Алсат телевизија.

-Ниту С. Македонија ќе купува гас од Србија, ниту, пак, Србија за возврат ќе купува електрична енергија од земјава. Она за што се преговара, е размена – Србија да дава гас за електраната ТЕ-ТО, а потоа дел од произведената електрична енергија да се врати како компензација. Ако се постигне договор обврска е на Србија да го снабдува со природен гас ТЕ-ТО. Ние како држава имаме обврска ним да им обезбедиме електрична енергија. Јас сум повеќе од сигурен дека Србија, ја разгледува нашата понуда. Последната понуда е или 50-50 или 60-40 за нас, прецизира Бектеши.

Според него, доколку се реализира овој договор електричната енергија произведена во ТЕ-ТО што ќе остане за земјава ќе биде понудена на домашниот пазар.

-Тука се зборува за размена. Ние како држава имаме интерес да имаме природен гас со пониска цена, зошто, заради тоа што ќе имаме пониска цена и за топлинска енергија, а воедно и за електрична енергија која ќе можеме да ја понудиме на граѓаните. Ако не работи ТЕ-ТО, тогаш 100 проценти од парното во Скопје треба да биде произведена во топланите Исток и Запад, Енергетика и топланата Север која е во Чаир, а ако работи ТЕ-ТО тогаш 60 отсто од потрошувачката во целиот град се покрива со работа само на ТЕ-ТО и топланите треба да покриват само околу 40 отсто од тие потреби, појасни Бектеши.

ТЕ-ТО, додаде тој, работи само на природен гас, топланите работат и на гас и можат да работат на дизел.

– И сега и да се намалат трошоците за нас е интерес да работи ТЕ-ТО за топлинска енергија да не се зголеми цената, со пониски цени на природен гас и електричната енергија дел ќе им ја нудиме на Србија и дел ќе го користиме за нашите потреби, било тоа за потребите на индустријата, било тоа за други потреби, зборуваме за капацитет од 205 мегават час, посочи Бектеши.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно...

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...