25.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејство од Прилеп ќе треба да плати 300 евра казна оти побарало...

Семејство од Прилеп ќе треба да плати 300 евра казна оти побарало одлагање на вакцината за нивното тригодишно дете кое имало слаб имунитет и анемичност ?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Родители на тригодишно дете кое е со нежно здравје уште од самото раѓање треба да платат казна од 300 евра затоа што побарале одлагање на вакцина, бидејќи детето имало исклучително ниски параметри на хемоглобинот во крвта. „Детето е анемично, хемеоголбинот му е само 66, а треба да биде од 115 до 175. Но, докторката кај вакцините не’ убедуваше дека тоа не било ништо, за разлика од неколку други лекари кои ни го кажаа токму спротивното“, – ни рече таткото на детето, Владимир Швацов.

<

– „Да е ниска граница ќе биде 115, 110 на пример, не е проблем. Ова од најниската граница, е дупло послаб. И матичната и’ рече, не чини, слаб имунитет, железо, детево е анмично, појдете за да си знаат кај вакцините. Отишла женава со детево, но докторката и’ рекла – нема гајле, јас гарантирам“ – Раскажува Владимир Швцов, татко на детето.

И токму овде настанал проблемот. Според Швацов, бидејќи мајката не се согласила детето тогаш да ја прими вакцината, била принудена да потпише како трајно да ја одбива, иако всушност барала само одлагање. Докторката ја условила со враќањето на здравствената книшка.

– „Две недели не поминаа и од Инспекторатот ни стигнува казна. А заборавив да напоменам дека ни рекоа дека вакцината е за тетанус. Кога стигна казнава, видовме дека не е само за тетанус, туку има и други пет болести, значи шествалентна е. И со слаб имунитет, не знам дали е во ред, не ми е некако сфатливо… Инспекторката, а и Скопје кај што го пренесле документот, не знаат дека дететво е со слаб хемоглобин 66. Тие знаат дека ние сме, пример богаташи, имаме многу пари и ќе дадеме пари да не го вакцинираме детево оти не пишува нигде дека е слабокрвно, анемично“ – Посочува Швацов.

Швацови тврдат дека не се против вакцинирањето. Велат, затоа и редовно се јавувале во Вакциналното одделние, особено оти нивното синче е со нежно здравје. Ама во никој случај не очекувале дека ќе бидат казнети оти побарале одлагање, а кое било по препорака на лекарите. Од Инспекторатот им укажале дека доколку детето го вакцинираат до 13-ти октомври, казната ќе им била поништена. Но родителите се загрижени што детето и во моментов било болно.

Каролина Дурло Alfa tv ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...