2.9 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВИДЕО: Бугарски интелектуалец јавно се извини за сите жртви во Македонија на...

ВИДЕО: Бугарски интелектуалец јавно се извини за сите жртви во Македонија на бугарските фашисти

Професорот од Софија, Иван Динев Иванов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 јавно се извини за сите жртви од фашистичкиот период во Бугарија и рече дека бугарскиот цар Борис Трети имал и светла и темна страна во историјата.

Професорот ја негираше соработката на Ванчо Михајлов со Хитлер и фашистите , како и навредите искажани од Михајлов на сметка на македонската нација, но потврди дека бил терорист.

Loading…
Професорот од Синсинати, кој дојде во Само Вистина директно од Софија се согласи и со наводите на Костов дека Македонците биле жртви на прогони и репресии во три војни, Балканската, Првата и Втората светска војна. Тој меѓу другото се заложи и за македонската иднина на ЕУ, каде според него Македонија ќе влезе со зачуван идентитет.

Тој обраќајќи им се на гледачите, рече дека нема начин за „бугаризација“.

– Не се плашете браќа и сестри Македонци, нема начин да има бугаризација, ви го гарантирам јас, нема такво нешто, нагласи професорот.

Тој порача до Македонците да си го чуваат идентитетот. Посочи дека сака земјава да го зачува идентитетот и да стане членка на Европската Унија, да соработува со Бугарија, градејќи инфраструктура, градејќи човечки односи, уривајќи ѕидови и градејќи мостови со Бугарија и со сите останати земји.

Осврнувајќи се на Договорот за добрососедство со Бугарија, тој посочи дека се направени грешки од бугарската страна.

-Грешки беа направени од бугарска страна. Има луѓе во политичката елита кои го искористија тоа намерно да направат една „срамота“ со ветото и тоа навистина создаде големи проблеми и голем негативизам. Денот кога ветотот беше објавено јас кажав дека „Бугарија сама на себе си стави вето“. Претседателот Радев греши и тоа го кажав, дека тоа што претседателот Радев мораше да го каже дека ние не можеме да дозволиме антибугарскиот национализам во Македонија и тоа јас се согласувам, а со македонизмот јас немам проблем, наведе Динев Иванов.

На крајот на емисијата тој јавно се извини за сите жртви на бугарското фашистичко минато. Погледнете го видеото.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возачката дозвола ќе ви важи и во Обединетите Арапски Емирати.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи...

Жена на возраст од 61 година го роди своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје

Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена...

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...