17.1 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата ја замрзна маржата за кашкавалот, сирењето

Владата ја замрзна маржата за кашкавалот, сирењето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 87-ма седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

<

Со оваа одлука, на предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

При редовна контрола на Државен пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени.

Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина !!!

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги...

Унеско бара охриѓани да ги скријат клима уредите сателитските антени и соларните системи !!

Охриѓани од старото градско јадро ќе треба да сокријат илјадници сателитски антени, клима уреди, сончеви колектори, фотоволтаични панели и светлечки реклами до крајот на...

Жител на селото Мислешево на гостите и на вработените во локалот им се заканувал со ќотек !!

На 17.05.2025 во 18.40 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа М.М.(54) од истото село затоа што претходно во...

Охриѓанец ја киднапирал бабата, сопругата и малолетната ќерка на негов сограѓанин !!

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој...