9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаБектеши: Стапивме во контакт со фирмата за набавка на гас што ја...

Бектеши: Стапивме во контакт со фирмата за набавка на гас што ја посочи Мицкоски и за утре е закажан состанок

Тој додаде дека доколку се постигне договор и ако деталите и условите од понудата бидат прифатливи за ЕСМ, договорот треба да го склучи државната компанија ЕСМ со компанијата трговец со природен гас. Станува збор за компанија која е регистрирана во Европа, а средбата нема да биде во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава

До крајот на оваа недела, најави Бектеши, треба да стапат во контакт и со уште една компанија со која треба да се разговара за набавка на мазут

Министерството за економија стапило во контакт со една од компаниите што ги понуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на состанокот во Владата за справување со кризата со енергенси и за утре е закажан состанок со претставници на фирмата на кој ќе се разговара за детали, информираше ресорниот министер, Крешник Бектеши, во вечерашното гостување на Сител.

Станува збор за компанија со која ќе се разговара за набавка на природен гас. На состанокот, покрај министерот Бектешки, како што информираше тој, ќе присуствуваат и директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски и советникот на премиерот за енергетика.

До крајот на оваа недела, најави Бектеши, треба да стапат во контакт и со уште една компанија со која треба да се разговара за набавка на мазут.

„Стапивме во контак со една од компаниите, со другата компанија со која најверојанто би требало тема на разговор да биде набавка на поевтин мазут, тоа ќе биде дополнително до крајот на оваа недела, најверојатно сабота или пак во недела . Во однос на компанијата која ја предложи г-динот Мицкоски во делот на снабдување со природен гас утре веќе е закажан состанок заедно генералниот директор на ЕСМ, Ковачевски и со советникот на премиерот за енергетика и јас лично ќе учествувам на тој состанок каде што ќе разговараме за детали“,

изјави Бектеши.
Тој додаде дека доколку се постигне договор и ако деталите и условите од понудата бидат прифатливи за ЕСМ, договорот треба да го склучи државната компанија ЕСМ со компанијата трговец со природен гас.

„За да се подготви состанокот од наша страна се испратени количините и потребите на С Македонија, вклучително и потребите на ТЕ-ТО кое произведува електрична енергија, а воедно како нус-производ произведува и топлинска енергија. Генерално, да бидат информирани граѓаните околу шеестина отсто од потребите за топлинска енергија на граѓаните на Град Скопје кога работи во базен режим се произведува од ТЕ-ТО што ги намалува потоа трошоците на другите топлани `Исток` и `Запад` бидејќи `Север` работи според друга методологија. Ние количините ги испративме и согласно првичните најави ќе добиеме понуда утре, таа понуда би требало да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откако ќе ги завршиме преговорите“,

рече министерот за економија.
Како што информираше, станува збор за компанија која е регистрирана во Европа, а средбата нема да биде во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава.

„Но, секако дека ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана и во делот на понудата и во делот како би течеле преговорите“,

додаде Бектеши.
Во однос на преговорите со Србија за испорака на природен гас во земјава во замена за електрична енергија што би била произведна од ТЕ-ТО, Бектеши рече дека биле блиску до договор, но, додаде оти очекуваат одговор од властите во Белград.

„Ние направивме максимум како Влада, конечниот предлог е пратен, нивниот експертски тим треба да ги извести ресорниот министер и претседателот Вучиќ. Но од нив нема одговор сè уште. Ние нема да чекаме и разгледуваме повеќе понуди“,

изјави министерот за економија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...