26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски за претседателот на клубот „Цар Борис Трети“: Не го познавам, еднаш...

Мицкоски за претседателот на клубот „Цар Борис Трети“: Не го познавам, еднаш се сретнавме во црква

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На прашањето како го коментира отворањето на бугарскиот клуб во Охрид, Мицкоски посочи дека тоа е една голема провокација која доаѓа како резултат на „поданичките и предавнички политики на владата на СДСМ“

<

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција, рече дека не го познава претседателот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски. Коментирајќи ја фотографијата што кружи на социјалните мрежи, а на која Мицкоски е во друштво на Блажевски, првиот човек на најголемата опозициска партија рече:

„Точно знам кога е направена таа фотографија. Бевме во Бигорски манастир да запалиме свеќи и тие беа таму како групација. Ми дадоа една книга, која нормално им ја вратив. Тоа е единствената моја средба со тоа момче“.

рече Мицкоски.
На прашањето како го коментира отворањето на бугарскиот клуб во Охрид, Мицкоски посочи дека тоа е една голема провокација која доаѓа како резултат на „поданичките и предавнички политики на владата на СДСМ“.

„Ако очекуваа некаква поддршка и помош ако почнат процес на асимилација на својот народ, еве им пример како резултираше нивната политика која не треба понатаму да се поддржува. Таа политика резултира со отворање на клуб со името на докажан фашист. Македонија и македонскиот народ како и ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе бидат на вистинската страна на историјата, на страната на антифашистичката борба и народот“,

потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека поднеле предлог-закон за именување на здруженијата во Собранието и рече дека очекува дека ќе добијат поддршка од власта.

„Се надевам дека конечно ќе им ставиме крај на овие продадени души за левови и дека тие никогаш веќе нема да го провоцираат напатениот македонски народ“,

рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....