22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес со пригодна свеченост се отвори Младинскиот Центар во Охрид- Прв во...

Денес со пригодна свеченост се отвори Младинскиот Центар во Охрид- Прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Младите во Охрид го добија својот центар, место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите. Денес градоначалникот Кирил Пецаков и претставници од Општина Охрид заедно со претставници од Коалицијата на младински организации СЕГА официјално го отворија Младинскиот Центар во Охрид, во Касарна Охрид (влез 1, кат 1).

<

Како локална власт, покрај законските обврски, искрено сме посветени да го подобриме животот на малдите рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман, рече Пецаков.

Охрид е првиот центар во Македонија кој е поставен на стандардите на европските младински центри и од аспект на капацитет просторен, програмски и технички во смисла на опрема која ќе треба да биде неопходна за да ги исполни скоро сите можни желби или потреби за активности на младите, рече Зоран Илиески, извршен директор на СЕГА.

Функцијата на овој центар е да обезбеди место за искористување на слободното време на младите каде што преку креативен начин ќе може да учат, да ги надоградуваат своите вештини, знаења, способности и да се чувствуваат корисни придонесувајќи во општествениот живот. Ова е центар каде што активностите кои се поврзани со младите и од култура, музика, спорт, забава и креативни вештини и вештини за вработување ќе бидат на едно место и овој простор ќе даде можност за сите млади кои сакаат да се вклучат во неформално образование. За вакви центри ние во Македонија немаме историја но во Европа повеќе од 30-40 години функционираат и на локално ниво се клучно место каде што младите може да делуваат и да придонесуваат па од друга страна и за самата општина, вели Илиески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...