16.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаAлбанците одат во вселената: Подготвени се за лансирање сателитите Албанија 1 и...

Aлбанците одат во вселената: Подготвени се за лансирање сателитите Албанија 1 и Албанија 2

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека се подготвени за лансирање двата сателита што ќе бидат испратени во вселената.

<

Рама на социјалните мрежи напиша дека „двете супертехнолошки очи“ што ќе ја следат Албанија од височините, со висока прецизност и целосна јасност на сликата до 75 cm2, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ се подготвени за лансирање во вселената од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, САД.

„Албанија ќе има нивно ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови и така натаму. Дигитална револуција. Албанија нашата иднина. Нема време за одмор“, напиша Рама.

Заедно со Илон Маск, се очекува премиерот во декември да го притисне копчето за лансирање на првите два сателита со албанско знаме.

Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана, на крајот на минатиот месец потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија.

-Главен инспекторат на небо што ќе има очи на целата територија на државата, кој нема да има ниту партија, ниту братучеди, ниту привилегии. Со сателитите веќе нема да може да се гради без дозвола, бидејќи сателитите ќе можат да го видат секој волумен подигнат на површината на земјата, рече меѓу другото премиерот Еди Рама по потпишувањето на договорот.

Договорот е во вредност од шест милиони долари и се состои од ексклузивна употреба на два сателита за период од три години. infomaks

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...