10.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Немам намера да се вратам во политиката или пак да се...

Заев: Немам намера да се вратам во политиката или пак да се кандитирам за претседател

На прашањето каде е полесно, во политиката или во бизнисот, Заев рече дека најмногу му годи слободата

Немам намера да се враќам во политиката ниту да се кандидирам за претседател на државата, порача денеска поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во Тетово каде што учествуваше на панел-дискусија поврзана со енергетската криза и инфлацијата.

„Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и поради Фондацијата ‘Заев’ и поради моите општествени активности. Јас си го сакам нашиот народ, јас ја сакам државата. Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, да бидат мирни и спокојни. Дваесет години сум во политиката, ќе ги помагам оваа и секоја идна Влада, имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата“,

истакна Заев.
На прашањето каде е полесно, во политиката или во бизнисот, Заев рече дека најмногу му годи слободата.

„Јас дојдов од бизнисот и беше малку чудно лидер на социјалдемократска левичарска партија да дојде од капитал-секторот, но верувам дека тоа донесе една нова вредност затоа што практичарите ги гледаат на еден начин работите, а теоретичарите и креаторите на идеите на националните стратегии од делот на професори, невладини организации, на друг начин, па се прави убав микс. Тогаш имате една пореалистичка опција за развојот на државата. Мене ми е многу убаво во бизнисот каде што се вратив, верувам дека нема човек кој повеќе и се радува на слободата. Се радувам на слободата. Се борев за слобода и демократски вредности во едно тешко време кога требаше да се применат, ги применив преку демонстрирање на поднесување на одговорност и оставка кога треба. Јас верувам, нашиот народ вклучително и политичарите ќе созреваат во делот на сите права кои народот им ги дава, но и одговорностите што мора да ги понесеме сите“,

нагласи Заев.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...

Штипската Миа Калифа по само 9 дена исфрлена од реалното шоу

Моника Станојкова по само 9 дена од влегувањето во реалното шоу “Елита 8” синоќа на првата елиминација беше кандидат со најмалку гласови од публиката. Нејзиното...

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...