3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПратениците го донесоа Законот за градење

Пратениците го донесоа Законот за градење

spot_img

Со 84 гласа „за“, денеска пратениците на 84. седница го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Со овој предлог закон се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.

Со Законот за градење фотонапонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1 МW можат да се постават на објект по добиено решение за поставување

согласно членот 74 од Законот. Со измените на Законот за градење ќе се избрише одредбата со која општината издава решение за поставување на фотонапонски системи на кров за потрошувачите-производители.

По изгласување на Законот, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата, посочувајќи дека за следните точки уште не се завршени постапките, односно соодветните Комисии не ги разгледале точките, и затоа нема услови да се продолжи оваа седница.

За нејзино продолжување, како што рече Џафери, дополнително јавноста дополнително ќе биде информирана.

Инаку, заостанати точки на дневниот ред 84. седница се Предлог на закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, Предлог на закон за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, Дополнет предлог на закон за буџети, како и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, двата по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за спортска академија, Предлог на закон за установите за средно образование на верските заедници и Предлог на закон за дополнување на Законот за возила.

Собранието денеска треба да продолжи со работата по 69. седница.

На дневен ред на 69 седница се заостанати Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, како и Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...