3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи Божиновски: Јас преживеав, но утре во оваа криминална држава пред...

Се огласи Божиновски: Јас преживеав, но утре во оваа криминална држава пред зграда ќе бидат напднати и вашите деца !!!

spot_img

ПРЕЖИЕВАВ

Не знам колку треба да сум лош, непријатен, контроверзен, надвор од пропишаните правила на игра од играчи на македонското медиумско небо кои секогаш се исправени пред дилема ДАЛИ ДА ОБЈАВАТ ИЛИ ПРЕМОЛЧАТ ОТИ ТОЈ И ТОЈ ИМ ПЛАЌА РЕКЛАМА, па да бидам брутално нападнат пред зградата во која живеам…

За мојата медиумска заедница која мене ме слави, па не ме слави, зависно од периодот кога тоа е курентно (како во време кога се рушеше режимот на ЧУДОВИШТЕТО!), јас сум во распон од најдобар новинар кој на моите колеги им ја руши власта која ги гази, до рекетар, квазиновинар и лудак кој им пречи кога режимот кој ги газел паднал и се оправиле до степен да си фураат рекламчиња, ваучерчиња, коктелчиња, дружби по комори и кафеани…

Мене тоа ич не ме секира, бидејќи во играта која ја играме во криминализирана Македонија јас бев предизвикан и натеран на вакво новинарство, иако во меѓувреме кога им требав на медиумските газди секогаш ме повикуваа за да си го кренат рејтингот, да си го подобрат портфолиото, да преговараат со моќните така што мене ме жртвуваа. И не се бунев оти знаев дека сум монета за поткусурување на разни преговарачки маси, дека ма колку биле храбри моите текстови кога медиумот за кој сум работел освојувал простор, кога ќе дојде момент за ,,помирување,, ќе добијам најава дека не сум добредојден во таа и таа редакција…

Се намножија таквите и ене ги пливаат помеѓу Курто и Мурто, се борат да си го одбранат лесно спечаленото кое треба да се брани, а и да се зголеми оти времето е такво, профитот пред се, после човекот, новинарот, јавноста и слично.

Како контроверзен а всушност неприлагоден новинар во македонската медиумска баруштина, денес со ладна глава гледам на ова што се случува. Ми се случува мене, ама во прашање е општа небезбедност. Секој ден имаме насилство, пријавено или непријавено, секој ден малите луѓе трпат од наводно големите, оние што ги ограбија. Трагично е што ова мене ми се случува во период на деветгодишен кривичен прогон за ич ништо, оти на будали на власт им текнало пред девет години дека можат да ме уништат со монтиран политички процес, без докази, без сведоци, без логично образложение на тоа што ми го измислиле како обвинение, а не личи на ништо. 1.100 такви како мене се процесуирани, згазени, скоро секој втор од нас има починат член на семејство од стресовите кои ни ги приредија. И тоа оди во недоглед, Влади се менуваат, лажни програми ни се сервираат, најмуваат интелектуалци да им бранат неодбранливо. А јас сум само пречка на нивниот пат кој не води никаде! АМА, НИКАДЕ!

Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е вознемирено и потресено, на станарите од десетина станбени згради во моето соседство синоќа им е испратена порака:

,,НЕ СТЕ БЕЗБЕДНИ, ОВА Е НЕБЕЗБЕДНА ДРЖАВА, СЕКОЈ МОЖЕ ДА ВЕ НАЧЕКА ПРЕД ВАШИОТ ВЛЕЗ И ДА ВЕ ПРЕТЕПА, НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ПОДОБРО ОД ОВА!!!,,

Јас ќе продолжам по патот кој го одам од мај 1999 година, кога ме предизвикаа вака да се однесувам како што се однесувам. Кому не му се допаѓа нека организира ТВ ДЕБАТА ИН ВИВО, ќе си седнеме и ќе си поприкажеме, смирено, јасно и гласно, без навреди ќе го кажам она што го мислам. Од моето мислење не се плашам, апсолутно не ме интересира дали некому му се допаѓа или не му се допаѓа. Ако нема кандидати за дебата, молчете си и натаму и гледајте сеир. Вашите деца се на ред, тие живеат во оваа ѕверска црна дупка. Ако не помислувате на нив, не го ни заслужувате нивното внимание. Се подготвуваат да ви заминат, а вие глумете современо новинарство по правила напишани од КУРТО и МУРТО…

Во него мене ме нема, нема ни да ме има…

Пижува Божиновски на Социјалните мрежи

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...