12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби загрижен: Русија сака да ја бутне владата на СДСМ и ДУИ

Груби загрижен: Русија сака да ја бутне владата на СДСМ и ДУИ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Руското влијание во Северна Македонија е евидентно и, следствено, и неговото влијание во дестабилизирачките сценарија во однос на парламентарното мнозинство – изјави првиот вицепремиер Артан Груби денешното интервју за агенцијата „Косова прес“.

<

Груби вели дека влијанието на Русија во државата е очигледно, што, според него, може да се види од фактот дека има македонски партии, и тоа и во републичкото Собрание, кои отворено ја поддржуваат руската агресија во Украина.

– Ние сме единствената земја во Западен Балкан која официјално има политичка партија што е огранок на партијата на (претседателот, Владимир) Путин во Русија и која функционира во Северна Македонија, а имаме и друга парламентарна партија, со двајца пратеници, која отворено ја поддржува руската агресија во Украина и е ставена во функција на руските агентури во Собранието на РСМ, не ја признава независноста на Косово, не го признава Охридскиот рамковен договор и во својата програма го има повлекувањето на признавањето на Косово и поништувањето на Охридскиот договор… и која за жал беше и во коалиција со албанските опозициски партии и со ВМРО-ДПМНЕ со цел уривање на проевропската влада во државата – вели Груби.

И покрај тоа, нагласи македонскиот вицепремиер, владејачката коалиција е стабилна, но потребна е, вели тој, соработка со проевропските партии во Собранието, со цел да се обезбеди спроведување на договорот со Република Бугарија, со оглед дека за тоа се потребни 80 гласа, додека мнозинството располага со 64.

– Упативме повик до сите проевропски сили кои учествуваа во Собранието на РСМ, особено за да се приклучат на напорите за промена на Уставот, со цел да го спроведеме билатералниот договор со Бугарија, променувајќи ја преамбулата и вклучувајќи ги бугарската, црногорската и хрватската заедница во Уставот, за што ни се потребни вкупно 80 пратенички гласови, изјави Груби.

Македонскиот вицепремиер во интервјуто за косовската новинска агенција се залага за поголема координација меѓу Приштина, Тирана и Скопје, посебно за прашања од надворешната политика, за, како што вели „одбрана на вредностите” на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Libertas.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...