23.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСекој граѓанин ќе може електронски да провери дали некој превозник има лиценца...

Секој граѓанин ќе може електронски да провери дали некој превозник има лиценца за превоз

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Преку порталот „etransport“ кој го подготвува Министерството за транспорт и врски (МТВ) со цел да ја зголеми транспарентноста и свеста кај сите учесници во сообраќајот, како и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, секој граѓанин во земјава ќе може електронски да провери дали некој превозник има лиценца за превоз на патници или стоки.

<

„Јавниот портал „etransport“ ќе овозможи пристап на граѓаните до податоците што се однесуваат на поседувањето лиценци и изводи од лиценци за вршење на превоз на патници и стоки, како и капацитетот и еколошкиот стандард на возилата“, велат од Владата.

Од Министерството за транспорт и врски денеска на владина седница информирале за подготовката на овој портал, но и за уште еден (admin.transport) кој ќе биде наменет за институциите, а преку кој тие ќе имаат пристап до база на податоци кога ќе прават контроли на превозниците.

„Со можностите коишто ги дава новата платформа, се овозможува електронска контрола на постоењето и веродостојноста на издадените сертификати и лиценци коишто ги проверуваат контролните органи. Со електронската проверка на веродостојноста на приложените документи, се заменува процедурата за нивна хартиена проверка, како и побрзо и поефикасно извршување на проверките на надлежните контролни органи“, велат од Владата.

Преку порталот, контролорите ќе имаат пристап во евиденцијата на превозници односно ќе им бидат достапни податоци за лиценците што ги имаат фирмите, податоците за нивните возила, како и за вработените возачи.

„Со тоа контролните служби ќе можат да проверат дали лицето е вработено или не во фирмата превозник, како и дали поседува сертификат за професионална компетентност на возач, што е неопходен документ при вршење меѓународен превоз на патници или стоки во патниот сообраќај“, велат од Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67...

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во...

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...