27.9 C
Ohrid
четврток, јуни 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМитревски: И во 1991, 2001 и 2018 се зборувало за внесување на...

Митревски: И во 1991, 2001 и 2018 се зборувало за внесување на Бугарите во Уставот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Никола Митревски изјави дека лидерската средба е за европската иднина на земјава, не само во поглед на уставните измени, туку и за сите прашања кои што се поврзани со иднината на Северна Македонија.

<

-Да не лицитираме со прашања, барања и изјави надвор од местото каде што треба да се разговара, туку да се разговара таму каде што треба. Лидерската средба, со учество и на пратениците, треба да биде местото каде што ќе се разговара за сите прашања. Според тоа што е кажано и од премиерот Ковачевски, на таа средба ќе има и претставници на пратеничките групи и да зборуваат за прашањата поврзани со нашиот европски пат. Поканата е пратена до сите партии кои се определиле за европскиот пат. Зборуваме за нешто што е стратешки интерес на земјата, рече Митрески.

За уставните измени во Собранието, пратеникот вели дека во земјава се зборувало и во 1991, 2001 и 2018 година за наше барање да бидат внесени Бугарите во Уставот.

-Зошто не се случило претходно бидејќи Бугарите не сакале да бидат внесени во Уставот, затоа што според нивната мантра тие ни ја признаваат државата, но станува збор за еден народ во две држави. Сега со внесувањето ќе го потврдиме македонскиот идентитет, рече Митрески во емисијата „Само вистина“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец

Со хаш таг #РаботаНеСамоЗборови, директорот на Центарот за јавно здравје Мухамед Демири информираше дека има осум нови вработувања. „Вработени се осум нови Албанци“, пишува во...

Пецаков: По гравитационен пат 60% од територијата на општина Охрид ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија !!!

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и...

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна...

Синодот денеска избира нов митрополит за Дебарско-кичевската епархија.

Синодот денеска избира нов митрополит за Дебарско-кичевската епархија. Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во 10 часот ќе одржи важна синодска седница, на која...