29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР се посрамоти: Полицијата го ослободи Никола Николовски – нема никаква врска...

МВР се посрамоти: Полицијата го ослободи Никола Николовски – нема никаква врска со заканите за бомби!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако портпаролот на МВР, Тони Ангеловски помпезно најави дека е приведен осомничен за лажните дојави за бомби во средните училишта, доцна вечерва приведениот Никола Николовски е ослободен од полицијата без никаква пријава – дознава Курир.

<

 

Како што дознаваме, праќачите на заканите за бомбашки напади манипулативно го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во меиловите со заканите за бомбашки напади, што за полицијата било доволно спектакуларно да го приведи младиот скопјанец и да го вознемирува неговото семејство. Откако повеќе од десет часа Николовски бил задржан во полиција, бил извршен и претрес во неговиот дом, по што тој е ослободен од понатамошно гонење од МВР.

Дваесет и три годишниот скопјанец доби поддршка од многумина на социјалните мрежи, кои ова момче го претставија како успешен пример за околината.

Сепак и покрај евидентноте негодувања на сите кои го познаваат познатиот инстаграмџија кој го користи псевдонимот “Боемот”, партиската структура на СДСМ и порталите верни на владејачката партија ширеа пропаганда дека тој е човекот кој ги праќал мејловите со дојави.

Денеска со реакција се јавија и од тинк тенк организацијата Conservative.mk чиј член е Николовски.

-ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ.

Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани.

СТОП ЗА РЕПРЕСИЈАТА И ГУШЕЊЕТО НА СЛОБОДНАТА МИСЛА!

ПОДДРШКА ЗА НИКОЛА!, порачаа од Conservative.mk.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...