11.9 C
Ohrid
сабота, април 26, 2025
ПочетнаМакедонијаУправителот на Беса Транс не се чувствува виновен за изгорениот автобус со...

Управителот на Беса Транс не се чувствува виновен за изгорениот автобус со 46 загнати во Бугарија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во скопскиот Кривичен суд почна судењето за „Беса Транс“. Управителот на компанијата не чувствува вина за фалсификувањето лиценца за автобусот, со кој во ноември лани во несреќа загинаа 45 лица. Обвинителот вели дека на истиот начин 20 пати ја напуштил земјава…

<

„Не се чувствувам виновен“, изјави пред судот, управителот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу. Тој и компанијата како правно лице се обвинети за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај, за автобусот со кој во ноември лани во несреќа во Бугарија загинаа 45 лица.

Обвинителот Милошески наведе дека автобусот 20 пати преминал граница со фалсификувана лиценца на граничните премини во 2021 година. Најмногу, 10 пати поминал на „Деве Баир“, возел на релација од Скопје кон Истанбул. Сведочеше и претставник на Министерството за транспорт и врски.

Тој објасни дека компанијата „Беса Транс“ имала лиценца за слободен меѓународен превоз на патници, којашто се однесува на фирмата и врз основа на неа се издаваат изводи од лиценци за секое возило посебно.

Според сведочењето, изводи од лиценци „Беса Транс“ имала за пет автобуси, но не и за автобусот од несреќата. Обвинителниот предлог за цариниците, кои биле должни да ги контролираат изводите од лиценци, обвинителството со доказите ќе ги достави до специјализираното Одделение за гонење кривични дела сторени од лица со посебни овластувања.

Наташа Гркова Петрушевска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина 34 годишен прилепчанец од удар од Гром !!!

Триесет и четиригодишен прилепчанец со иницијали А. Е. е лицето кое вчера попладне починало од удар од гром во селото Мажучиште, информираат од Министерството...

Ни се закануваа дека ќе не апсат-Шокантно сведоштво на родителите на загинатитите во Кочани

Си слушнавме муабет и закани дека ние, родителите на малолетните деца ќе одговараме, вели мајка на загинато дете во трагедијата во Кочани. Додека една од...

50 годишна Стружанка го натепала 80 годишниот татко !!!

На 25.04.2025 во 21.20 часот во струшко, полициски службеници од ОВР Струга ја лишија од слобода 3.М. (50), постапувајќи по претходна пријава дека во...

38 годишен охриѓанец пријавил во МВР дека неговата 26 годишна сопруга се одалечила од домот.

На 25.04.2025 во 20.50 часот во СВР Охрид, М.К. (38) од Охрид пријави дека од домот се оддалечила неговата сопруга М.К. (26). Се преземаат...