12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанија ќе врати 21 икона кои беа украдени пред 9 години од...

Албанија ќе врати 21 икона кои беа украдени пред 9 години од Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украдените икони од струшко пронајдени во Албанија по девет години се враќаат во земјава. Заврши процесот на реституција со кој 21 вредна икона и црковни артефакти однесени при кражби до крајот на годинава ќе бидат вратени во црквите во селата Радожда, Буринец и Селце.
Албанската полиција ги пронајде во Тирана во 2013 и оттогаш се чуваа на безбедно во два музеја во Тирана.
„Тие сѐ уште не се вратени, но процесот е во една финална фаза. Иконите кои пред скоро десет години се најдени во Албанија, ги идентификувавме и тој процес на реституција и правно веќе е регулиран и затворен. Се надевам дека до крајот на годината тие 21 икона ќе ги вратиме во Македонија“, вели Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.
Државата започна и втора постапка за враќање на 40 украдени икони од земјава кои албанската полиција во април годинава ги заплени во Тирана.
„За вториот процес кој ќе се отвори понатака за кој најверојатно треба да помине одреден период е значајно тоа што ние веќе ги имаме сознанијата и сме во постојана комуникација со колегите во Албанија, ги следиме сите нивни процеси. Тоа е еден многу сложен и деликатен, комплексен систем на откривање, детектирање, пронаоѓање, идентификација и дури потоа подготвување и правно регулирање. Со враќањето на првите 20 икони ние првпат го остваруваме тој процес на реституција во оваа современа историја на Македонија“, додава Цветкоски.
Во првата група на икони за кои е завршен процесот на реституција се 13 икони од струшко повеќето изработени од Дичо Зограф и осум од пределите на Преспанскиот крај кои се од една целина која припаѓа на анонимна зоографска работилница од средината на 19. век.
Од Струшко-дебарскиот крај украдени се над 1000 икони и црковни артефакти. Од нив само 60-тина се пронајдени, а останатите се претпоставува дека завршиле на црните пазари во Европа.
После пустошењето на црквите од 2010 до 2013, вредните икони во земјава се чуваат во строга тајност поделени во три безбедни депоа, па крадците најчесто одземаат само пари од црковните храмови.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...