16.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСпецијалната единица „Тигар“ денеска и утре кај каналот „Студенчишта“ во Охрид ќе...

Специјалната единица „Тигар“ денеска и утре кај каналот „Студенчишта“ во Охрид ќе спроведе тактичко-показна вежба

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре од 11 часот, на потегот од каналот „Студенчишта“ кон пешачката патека во Охрид, ќе спроведат тактичко – показна вежба.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата.

“Пред почетокот на вежбата, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел оневозможување влез на граѓани на подрачјето. Упатуваме апел до граѓаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат на подрачјето каде ќе се изведува вежбата и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници”, вели Димоски.

Вежбовни активности на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид ќе има и во текот на идната недела за што, навремено ќе ја информираме јавноста, додава портпаролот на СВР Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...