25.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВеро за 25-тиот роденден доделува 250.000 денари !!!!

Веро за 25-тиот роденден доделува 250.000 денари !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Опуштено цела 2023 година“ е големата наградна игра за потрошувачите со која Веро ќе ја заокружи јубилејната роденденска година која беше полна изненадувања. Најголемото изненадување доаѓа на крајот – главна премија од 250.000 денари за најсреќниот потрошувач.

<

Почнувајќи од 16 ноември сѐ до 29 декември, потрошувачите на Веро ќе можат да учествуваат во големата наградна игра и да добијат вредносни ваучери во различна вредност кои ќе можат да се искористат за пазарување во Веро маркетите. Наградната игра се состои од шест извлекувања во кои ќе се доделат вкупно 60 ваучери од по 25.000 денари, 60 ваучери од по 2.500 денари, 60 ваучери од по 1.500 денари и главната награда – ваучер од 250.000 ден.

Во наградната игра може да учествува секој полнолетен потрошувач со сметка над 300 денари од означените промотивни производи, за која ќе добие купон. Купоните треба да се пополнат со лични податоци и да се остават во означените кутии поставени во сите Веро маркети.

– Предновогодишниот период е време кога се подготвуваме за најубавите семејни собирања и дружби со драги луѓе. Празниците нѐ обединуваат на заедничка трпеза, а ние во Веро се трудиме уште повеќе да им го разубавиме празничниот период на нашите потрошувачи и да им го направиме посреќен. Задоволството е уште поголемо кога на ваков начин го заокружуваме јубилејниот 25. роденден кој целосно им беше посветен на нашите потрошувачи, креирајќи за нив посебни роденденски понуди и изненадувања. Наградувајќи ги нашите потрошувачи, ќе ја завршиме годината на најубав можен начин – вели Милана Петковски, маркетинг-директор на Веро.

Главното извлекување е закажано непосредно пред крајот на годината, на 30 декември, кога ќе биде извлечен најсреќниот добитник на 250.000 денари кои ќе може да се искористат за пазарување во Веро.

Имињата на добитниците редовно ќе се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети. Наградите ќе може да се подигнат само со приложување на фискалната сметка со кој потрошувачите учествувале во наградната игра, затоа сите учесници треба да ги чуваат сметките до крајот на наградната игра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...

Од 1-ви јануари полицијата трајно може да го одземе вашето возило, и ќе се користи за државните институции !!!

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје...