22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветБалканот го чека жешка есен! Странските амбасади стравуваат од можното сценарио на...

Балканот го чека жешка есен! Странските амбасади стравуваат од можното сценарио на Косово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хрватски “Jutarnji List” на својот портал ја анализирал политичката сцена Белград – Приштина, наведувајќи дека може да се очекува “жешка политичка есен”.

<

Тој весник потсетува дека за околу еден месец на Косово се очекуваат привремени парламентарни избори, додека српскиот претседател Александар Вучиќ најавил реконструкција на владата, додека медиумите шпекулираат и за можни нови избори.

Jutarnji оценува дека на Косово ситуацијата е прилично тензична. На челната позиција меѓу фаворитите за нов премиер избил контроверзниот и нескротлив Аљбин Курти, лидер на радикалната партија Самоопределување.

Исто така, се очекува косовските избори да направат влада која ќе биде подготвена на нова рунда преговори со Србија.

Хрватскиот весник меѓутоа, оценува дека резултатот од октомвриските избори би можел, како што стојат работите, да донесе ситуација која може да ги закомпликува односите, односно да ги радикализира работите.

Моментално, продолжува Jutarnji, албанските партии на Косово сега се во фаза на создавање на коалиција, бидејќи е јасно дека никој нема да има сила да владее сам. Сите ја отфрлаат можноста за соработка со Демократската партија на Хашим Тачи и сега веќе поранешниот шеф на парламентот Кадри Весели.

Тензично се исчекува резултатот од преговорите на Аљбин Курти и Демократската лига на Иса Мустафи, а “закочило” кај тоа кој би бил премиер од нив двајца. А двајцата ја сакаат таа улога, бидејќи нивната коалиција има реални шанси за победа.

Курти е секако помоќен во тој сојуз, но тој баш на никого не му одговара. “Амбасадите во Приштина се ужаснати од таквиот расплет, бидејќи тој е сигурно еден од ретките косовски политичари кои не е подложен на влијание од меѓународните фактори и не е под контрола. Тој е екстремист”, наведува хрватскиот весник.

Но, на Курти во врат му дише поранешниот, и според многумина следниот премиер, Рамуш Харадинај и неговата Алијанса за иднината, која е во коалиција со отпадниците на Курти, собрани околу неговиот поранешен помошник и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети и неговата Социјалдемократска партија.

Ако Курти биде победник и застане на чело на Косово, можно е сценариото двајцата големи конкуренти, Харадинај и Тачи, повторно да направат брак од интерес.

Но, како што уште наведува Jutarnji, “врие и меѓу Србите” бидејќи тие поделени во неколку колони, од кои предничат две.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во...

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...