20.2 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаАјде и ова чудо да го видиме: Од октомври подигање на лекови...

Ајде и ова чудо да го видиме: Од октомври подигање на лекови само со рецепт и лична карта/пасош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

<

До тој период, како што информираат од ФЗОМ, на сила се постоечките позитивни прописи со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице при користење на здравствени услуги на товар на Фондот.

Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица, се наведува во соопштението на ФЗОМ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...