4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаЗабаваСе огласи Инфлуенсерката Александра: „Македонче, имам донирано 500 пати, но никој не...

Се огласи Инфлуенсерката Александра: „Македонче, имам донирано 500 пати, но никој не ме пофали“

spot_img

Мојата објава споделена на сите социјални мрежи, плукано, коментирано како да убив човек. Ах бе Македонче, да споделуваше толку за да пофалиш нешто којзнае каде ќе бевме сега. Имам договори со неколку фирми, па морам да ги завршам до крајот на годината затоа ќе морам да бидам тука уште еден месец. После тоа се повлекувам од „отровот“ на Инстаграм пред и мене да ме отруе целосно…“, гласи дел од објавата на Александра Шијакоска, по виралното споделување на нејзиниот скриншот, поради кој стана мета на критики.

 

По лавината од реакции, Александра се огласи на својот Инстаграм профил и на Стори сподели:

„Македонче… Имам донирано над 500 пати, помогнато уште повеќе од 500 пати, ЧУДНО, но никој не споделил да ме пофали.

Без разлика, не го правев тоа за да ме тапне некој по рамо, туку затоа што така бев посреќна. Штом почнав да заработувам си ветив дека 10% или 20% од мојата заработка ќе оди кај луѓе на кои им е потребно повеќе од мене, без притоа да споделам што сè добро сме направиле последните две години.

За жал, поради операцијата морав да го одложам и паузирам истото оваа година.

На почеток споделував, мислејќи дека ќе бидам инспирација за некој да помогне, но последните години престанав и тоа исто поради Македончето кое ќе каже – Го правите ова само за да се пофалите на социјалните мрежи…

Па, направи го и ти и пофали се. Само направи го.

Поентата ми е следна…

Пред два дена вратив на порака како што ми кажуваше душата во моментот, без притоа да навредам некој и да употребам некој погрден збор.
Споделено на сите социјални мрежи, плукано, коментирано како да убив човек.

Ах бе Македонче, да споделуваше толку за да пофалиш нешто којзнае каде ќе бевме сега.

На мојот профил секогаш прашувам кога ми треба нешто, па ме прашуваат мене, и си имаме прекрасна комуникација, ама сето тоа се луѓе кои ме следат и поддржуваат и за кои постоеше профилот.

Како и да е…
Знам дека ова им се случува на сите кои одлучиле да го работат ова и треба да се спремни на истото, но јас веќе немам сила за ништо од ова…

Имам договори со неколку фирми, па морам да ги завршам до крајот на годината затоа ќе морам да бидам тука уште еден месец.
После тоа се повлекувам од „отровот“ пред и мене да ме отруе целосно.

Должна сум на многу луѓе тука, ама должна сум и на родителите и блиските, кои за малку ќе ме изгубеа, а сега читаат одвратни коментари на социјалните мрежи.
Се извинувам на тато, мама, Едмонд и сите блиски што ги внесов во оваа неблагодарна Инстаграм игра.“

Извор ЦрноБело

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...