20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаСветАстронаут на НАСА: Вонземјаните не сакаат да нè посетат затоа што не...

Астронаут на НАСА: Вонземјаните не сакаат да нè посетат затоа што не сме им интересни, и премногу се интелигентни да губат време со нас !!!

Астронаутот на НАСА, Стен Лав, објасни зошто вонземјаните не сакаат да нè посетат. Вели дека не сме им биле
доволно интересни и дека не сакале да го губат времето со нас.

Во тимот на НАСА се приклучи во 1998 година, а првата мисија ја имал 10 години подоцна, во 2008 година. Во
вселената поминал 300 часа, но, како што вели, досега нема докази и немал можност да се сретне со некои
жители од космосот. За светските медиуми рече дека има три причини зошто не сакаат да нè посетат.
И покрај тоа што НАСА во моментов и официјално ги истражува необјаснивите појави НЛО, Стен не верува дека
вонземјаните се наоѓаат во близина на нашата планета Земја. Неговата прва теорија е дека во вселената може
да постојат интелигентни вонземјани кои едноставно не сакаат да нè посетат.
„Можете ли да замислите интелигентен живот кој едноставно не се грижи за технологијата и кој совршено е
среќен што може да остане дома и не се чувствува како да треба да гради вселенски бродови“, рече Стен.
Тој верува дека постојат вонземјани, а како објаснување за причината зошто не сакаат или не можат да нè
посетат ги спомна делфините.
„Делфините се прилично паметни, не можеме да комуницираме со нив, ниту да ги разбереме и некако во целост
да се поврземе со нив. Така е и со сигналите кои ги испраќаат вонземјаните, кои можеби се многу почести
отколку што мислиме, но едноставно не можеме да ги препознаеме затоа што ни се туѓи и се различни од
нашите“, објасни Стен.
Неговата втора теорија е дека постои можност вселената да ги истребила пред да успеат да дојдат до нас.
Третата теорија е дека постојат вонземјани далеку поинтелигентни од нас и дека не сакаат да губат време да нè
посетат и да нè запознаат.
„Цивилизацијата која може да совлада таква енергија веројатно нема никаква врска со нас. Претпоставувам
дека би биле интересни само од научна гледна точка. Тоа е предмет на многу дебати“, рече Стен.
НАСА и вселенските агенции ширум светот ќе продолжат да бараат знаци на вонземски живот, дури и докази за
нивно постоење, а астронаутот Стен верува дека допрва ќе најдеме вонземјани ако испратат радиосигнали кои
ќе можеме да ги откриеме.
reporter.mk

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...