Ѓорѓи Танев, човек од гевгелиско Богородица денеска за Инфомакс раскажа потресна приказна на која дополнителна болка додале македонските институции кои, според Танев, постапувале несоодветно.
Синот на Танев починал пред четири години, официјалната истрага и пресудата на основниот суд Гевгелија велат дека станува збор за несреќен случај за време на лов, кога бил погоден и починал синот на Ѓорѓи.
– Сакам да кажам дека целиот предмет траеше три години и денеска бевме на апелација од почеток да кажам дека за мене е подмукло и свирепо убиство, во тоа сум сигурен.
Мојот син е убиен во лов со пукање што пишува во изјавата во записникот од увидот на истрагата од Ангел Божинов, околу 15 метри. Тоа е така напишано, околу 15, ама сите 9 дијаболи кои се во патронот се влезени горе на левата страна (во срцето) на детето, така да му е пронижена левата рака , дали тој го држел каишот или му викал стоп на убиецот не знаеме, не можам јас да кажам.
Според Таневски нерегуларностите започнале уште со првичниот увид и почетокот на истрагата каде на местото на настанот воопшто не се појавил јавен обвинител.
– Јас ја видов на лице место, чекавме таму да дојдат да направат истрага. Дојдоа неколку инспектори, полицајци и јас видов и на мене ми се познати, многу јасни ми се работите. Дојдоа на лице место и гледам како се прави истрагата, ама гледам дека нема јавен обвинител. Јас знам што е увид, знам што е истрага, увид прават крим-техничарите, а истрага исклучиво јавен обвинител.
Јас видов дека тераат како што тераат, на главниот крим техничар, Иван Крстевски му се обратив и го замолив да повика јавен обвинител, тој ништо не кажа. Повторно го замолив да се јави или да ми даде број, не ми одговараше.
Увид се правеше од крим-техника, Ангел Божинов и во самиот увид тој не пронаоѓа никакви траги од тоа што го изјавува убиецот, а тие се:
не наоѓа кршење на гранки како што кажува во записниците (обвинетиот за убиството слушнал пукање на гранки и мислејќи дека се од дива свиња пукал)
убиецот изјавува дека видел дива свиња, а на местото нема траги од дива свиња, а крим-техничарот нема ништо од таа работа
убиецот изјавува дека имало локва крв на местото на настанот, тоа го потврдува и ов записникот на Проф. Здравко Јаковски и во списите го има тоа и директно во судот во Гевгелија. На местото немаше траги од крв. Ништо освен празен патрон нема пронајдено на местото.
Патронот го нашле на друго место
Таневски раскажува за самиот настан, каде според него во извештаите има низа нејаснотии и неправилности.
– Сведокот бил наводно во реката и тој околу 9-9.30 му се јавило моето дете, му кажало да чека доле ловот иде накај тебе, кучето го тера. Ама тој не се сеќава за точното време, а тоа време по моите извадени извештаи дека било во 10 часот, 23 минути и тие зборуваат дваесет минути.
Кога тие претходно се договараат за ловот, Стефановски Слободен, тој во изјава за обвинителство изјавува дека него го остава во реката, моето дете на патот, а убиецот Белчев Ѓорѓе, дека треба да сврти 4,5 километри со џипот или можеби и повеќе.
Кога тој му се јавува го прашува на што лае кучето, моето дете му кажува дека тоа е на стара дира. Јас се спуштив 200-300 метри и стигнал кај моето дете. Тој требало да сврти 4-5 километри и да оди најгоре од самиот терен.
Основната јавна обвинителка тој записник од увид на истрагата не ми го даваше 20 месеци, нагласува Ѓорѓи.
Тој вели дека не го знае мотивот на убиецот.
– Мотивот можат да бидат скриени работи, дали се работи за прељуба за неговата ќерка или жена не знам, не можам да го дознаам, ама работите околу истрагата ми се јасни како бел ден.
Убиецот кажува дека тој го реанимирал моето дете ама не верувам. Имам фотографија која од моето дете е испратена на неговиот другар дома во 10.35 и другарот му враќа потоа. Обвинителството го води убиството како 10.30 часот, а не можел да ја испрати сликата ако е тогаш. Брза помош викнале во 10.43.
Сликата е од рамница, а целото дело е прикажано дека се случило во густата шума, таму е донесено телото, сигурен сум. Како е можно за три минути тој да пука, да го реанимира, да се јави на еден човек, па тој на друг, па тој на брза помош?
За мене е трагично, жалосно, дури и смешно, вакво дело се води без нинту еден ден притвор, баран од ОЈО. Јас ѝ се молев да ми ги даде записниците, обвинителката не ми ги даваше. Јас со адвокатка писмено барав да ми ги даде тие и да ве потсетам на член 21 од етичкиот кодекс за ЈО. Во вакви дела таа треба мене навреме да ме известува и дури правно да ме подучува. Ама таа растела во ист двор со убиецот, таа не го дава записникот.
ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ТУКА