14.3 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeМакедонијаКовачевски – Патот Крупиште – Кочани е готов 96 отсто, нема пат...

Ковачевски – Патот Крупиште – Кочани е готов 96 отсто, нема пат кој не е рехабилитиран во овој регион

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура за севкупен економски развој
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани. Оваа делница е во должина од 13,75 км и согласно динамиката на работа истата треба да биде наскоро готова и ставена во функција.

<

Премиерот Ковачевски истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација.

„Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години. И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско – енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Темпото и динамиката продолжуваат и понатаму. Во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион. Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за новите инвеститори. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, квалитетните патишта се еден од предусловите. Затоа и изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски.

Министерот Бочварски рече дека со изградбата на експресниот пат до Кочани го подигнуваме животниот стандард на преку 170 илјади жители од Источниот регион, создаваме поволни услови за развој и регионално поврзување.

Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради забрзан економски развој на целата држава, во услови кога светот е во огромна економска криза. Но и во такви услови успеавме силно да ги движиме капиталните проекти и да обезбедиме континуитет”, рече Бочварски.

Директорот на ЈПДП, Рустеми рече дека експресниот пат е со висок квалитет на градба.

„Ширина на патот е 11,4 метри, ќе има четири ленти, и тоа по две коловозни од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Максималната брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час. Изведувач на градежните работи е „Синохидро“ од Република Кина, а надзор е „Патинвест инженеринг“ АД Софија Република Бугарија. Во моментот се поставува сигнализација, осветлување на клучките, еластична одбојна ограда и се асфалтираат последните 700 метри“, рече Рустеми.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...