23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаАвтомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред...

Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 леттерс“ во Крушево беше објавена фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши- Пишува Телма Телевизија.

<

Со истиот автомобил со вклучени нелегално поставени флешери, помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен полицајците што го проверувале излажале дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат.

Фотографијата пак на аудито А6 паркирано пред фирмата 5 Леттерс во април беше дополнета со коментар дека е направена истиот ден кога од фирмата која беше во стечај се украдени 108 шишиња со масло од канабис вредно над 2 милиони евра.

Претходно во декември 2020-тата беше украдена марихуана од истата фабрика при што беше осомничен и роднина на заменик министерот Буши.

Тогаш функционерот на ДУИ негираше поврзаност и одговорност за постапката на роднината, тврдеше дека не влијаел врз истрагата и бараше казна за виновниците.

Сега по новиот инцидент со Ауди А6 на синот на вториот човек на МВР, во министерството прашавме и за кражбите во фабриката на марихуана и за бегството од полициска патрола.

Ни стигна само кус одговор за последниот инцидент со граматички грешки (еднина/множина).

„Во врска со вашите прашање, ве информираме дека во тек е истражна постапка за конкретниот случај каде е вклучена и Внатрешната контрола, при комплетирање на материјалот од истрагата навремено ќе бидете информирани“ – реагираат од МВР.

Инаку автомобилот според фотографиите во кои има увид Телма, бил креван на пајак служба поради непрописно паркирање, па спуштен по интервенција, потоа бил непрописно паркиран пред влезот на Ист гејт мол до полициско возило, а сопственикот- синот на заменик министерот важел за човек кој обезбедувал фабрики на марихуана. Заменик министерот Буши имотот на децата го има пријавено и во анкетниот лист иако таму стои постар автомобил Ауди А4, а не поновата А 6-ка.

Од Комората за обезбедување ни изјавија дека лицето К. Буши нема ниту лиценца ниту дозвола да работи во агенција за обезбедување.

Миомир Серафиновиќ Телма Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...