29.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаШто ќе јадат затворениците во „Идризово“ за 1,1 милиони евра? На менито...

Што ќе јадат затворениците во „Идризово“ за 1,1 милиони евра? На менито ќе има и млечен пудинг, овошен јогурт и 1,5 тони германски путер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најголемиот затвор во земјава ќе набави 13 тони компири и 8 тони грав. За затворениците ќе има и 260.000 јајца А класа, а најголема ставка е јогуртот со 80.000 евра. За 1,5 тони германски путер затворската управа ќе издвои 28.000 евра, а за пудинг 35.000 евра. Топтан за цела година тендерот за храна на затворениците вреди речиси 1,1 милиони евра

<

Казнено-поправниот дом „ИдИризово“, најголемиот затвор во Македонија, ќе набави храна за затворениците во вкупна вредност од 1,2 милиони евра. На листата има повеќе од 150 продукти меса, зеленчуци, овошје, маренда и други додатоци на исхраната за кои „Идризово“ избрал една од шесте понуди. Тендерот е јавен и е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/124ba6b8-e06d-437c-a800-f204e03c78c1 а добитник на набавката е скопската фирма „Фодулмак“.

Најголема поединечна ставка е трошокот за јогурт за затворениците која изнесува 80.000 евра за цела година. Меѓу највредните поединечни ставки се останатите млечни производи меѓу кои се српското сирење за 67.000 евра исто како и словенечката павлака- Пишува Фактор.Мк

Значајна ставка е и таа наменета за набавка на јајца. За нив затворот ќе издвои 41.000 евра. Сумата е наменета за набавка на 260.000 јајца од А класа.

На месното мени во затворот „Идризово“ и неговото отворено одделение во Велес ќе бидат најзастапени говедското, јунешкото и пилешкото месо. Се разбира од асортиманот на замрзнати месни обработки. За набака на говедско замрзнато месо се наменети 44.000 евра, за јунешки колбаси 33.600 евра и пилешки стек околу 32.000 евра.

На менито има и риба и тука најчесто ќе се јаде конзервирана сардина за која затворот ќе плати 27.600 евра.

Од зеленчуците главни ќе бидат гравот за 28.600 евра набавен од Киргистан и домашниот компир за 11.800 евра. Затворската управа ќе набави 13 тони компир и 8 тони грав.

За затворениците има и десерти. На германски млечен пудинг со различни ароми ќе бидат потрошени 35.000 евра, ќе се набави мешан мармалад за 14.500 евра, а управата не штеди ниту на германски путер. Ќе набави 1,5 тони за кои ќе издвои 28.000 евра од буџетот.

На лагер ќе има и овошје. Јаболка, банани, лимони, портокали па и сливи со семка. Бананите носат најголем од овошниот буџет и на нив се планирани 8.900 евра.

Од другите позначајни ставки секако тука е „неговото височество“ зејтинот т.е. маслото за јадење. За него се наменети 19.000 евра.

Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...