21.9 C
Ohrid
вторник, јуни 24, 2025
ПочетнаМакедонијаПотврдени затворските казни за нападот на Села

Потврдени затворските казни за нападот на Села

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопска апелација им ги потврди затворските казни на осудените за нападот на Зијадин Села во Собранието. Tие по добивањето на пресудата треба да добијат упатен акт за да одат во затвор од судија за извршување санкции.

<

Судијката од Основниот суд Скопје 1, Славица Андреевска, минатата година обвинетите ги огласи за виновни, бидејќи со умисла се обиделе го убијат пратеникот Зијадин Села.

Според пресудата, најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски, а Кире Георгиевски и Александар Јаневски-Тошта добија по 13 години затвор. По десет години и шест месеци затворски казни добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Никола Војминовски, кој се наоѓаше во куќен притвор до правосилноста на пресудата, избега и сè уште е недостапен за органите на прогоот.

За обидот за убиство на Села првично беа обвинети 10 луѓе, но Сашо Сенков беше ослободен од обвинение, а обвинението за Стојан Павлевски и Цејо Ѓорѓиевски беше преиначено во насилство, па по признавањето вина, беа осудени на три, односно една година и два месеца затвор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По средбата со премиерот, Богојевски станува од директорското столче- Сега ќе раководи со друга институција.

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За...

Во чест на Фросина Кулакова, „Изет Цури“ ќе доделува стипендија за студирање мода

Во чест на Фросина Кулакова, талентирана студентка по моден дизајн која трагично го загуби животот во сообраќајка предизвикана од несовесен возач, Меѓународниот институт за...

Цените на горивата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Цените на нафтата паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, потег што ги намали тензиите...

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...