17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Нема пријава од полицицајци дека некој ги избркал од Арачиново

Спасовски: Нема пријава од полицицајци дека некој ги избркал од Арачиново

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Досега немаме пријава, ниту од полициски службеници, дека некој им се заканувал и ги избркал, ниту пријава од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот, изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска информациите објавени во некои медиуми дека доцна синоќа „полициска патрола била протерана од Арачиново од вооружена група“.

<

Одделот за крим-полиција и внатрешната контрола, како што информира тој, денеска работат и со службен материјал ќе ги расчистат сите овие работи за да можат да информираат.

– Пренагласено е дека тоа било со оружје, но да видиме што ќе излезе на крај. Прво да видиме кој е случајот, за да знаеме што точно се случило, па после да можеме да разговараме за се друго, рече Спасовски, додавајќи дека треба да ги утврдат фактите за да видат што се случило.

Тој повтори дека досега нема службен материјал којшто укажува на тоа дека имало таков напад, па дури и вербален, врз полициски службеници.

– Затоа викаме да заврши комплетно, ќе ги имаме деталите во овој случај, да видиме дали ќе се потврдат таквите информации или не. Факт е дека се појавуваат многу информации во јавноста и тоа во последниот период, меѓутоа ќе мораме да реагираме во однос на целиот овој настан, рече Спасовски.

Како што објавија некои медиуми, во текот на вчерашниот ден, во скопско Арачиново четири полициски службеници на полициски пункт сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи.

Лицето, според овие наводи, упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...

Нервозен ресенчанец: Го сопреле со неригистрирано возило, па ги викнал пријателите за да ги тепаат полициските службеници !!!

Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен, објави 4NEWS.mk Од Секторот за...