21.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија меѓу земјите со најевтин бензин и дизел

Македонија меѓу земјите со најевтин бензин и дизел

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата во цела Европа. Можеби ова е и причината што голем број на граѓани од Албанија, Грција, Србија и Бугарија кои се во близина на граничните премини ги запоседнаа нашите бензински пумпи.

<

Во Македонија во моментов бензинот 95 се точи за 77,50 денари, еуросупер 98 за 79, 50 денари, а дизелот за 79,50 денари.

Кај комшиите цените заклучно со завчера беа следни:

Во Србија бензините се продаваат за 95 денари за литар за бензинот 95, , дизелот се точи за 105 денари.

Во Албанија пак цената на бензинот еуросупер 95 е 106 денари, додека дизелот е 120 денари за литар.

Во Бугарија пак цените на горивата се следни: бензините се точат за 91 со 104 денари, а дизелот е исто 104 денари.

Во Грција горивата се уште поскапи, па дизелот таму се точи 123 денари, додека бензинот 95 се продава за 127 денари од литар. Еуросупер 98 се продава за 136 денари од литро.

Црна Гора пак е втората земја после Македонија од европските земји која има најевини горива. Бензинот се продава за 89 денари, еуросупер 98 се продава за 92 денари од литар, а дизелот за 100 денари од литар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал.

Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави...

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...